Коментари

Ламбе Арнаудов: Кој ти го ископа окото?

lambe-arnaudov

1Lam1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Ламбе Арнаудов: Кој ти го ископа окото?

Брат ми ( сестра ми)

Затоа е толку длабоко!

Заканите и пораките што фигуративно, преку симболика, ни ги испраќаш лично ти, црно мало пилче – кос, и во име на сите наши непријатели дека сме “МАНЏА“ и наскоро ќе нé изедете се залудни и неостварливи.

Ние МАКЕДОНЦИТЕ  сме многу вкусна МАНЏА ќе се прејадете и ќе ПУКНЕТЕ.

Првата песничка во забавиште што ја научив на 6 години, поточно дамнешната 1956 година беше една многу лесна детска песна, но брзо ја заборавив.

Ни на крај памет не ми паѓаше дека сега, после 70 години, ќе стане актуелна, деновиве многу спомнувана и преработена, во сосема друг аранжман.

Најинтересно е, од сé што полни 70 години ниту еднаш буквално, немало реприза на таа едноставна детска песничка, по мое сеќавање, та сега одеднаш се присеќам на едноставните зборови, од тогашниот творечки детски жаргон, а сега со толку јасни пораки за жал тешко навредливи по мојот напатен македонски народ.

Со право ме учеше мојот професор по филозофија, цитирам:

“Немој да отфрлаш ништо што ќе чуеш, почекај, сé е можно.

Дури и ако некој ти каже дека ќе се оди пеш на месечина.“

А, сега песничката:

               Малечко сум пилче,

               Име ми е КОС.

               Лете зиме одам

               Без опинци бос.

               Перје ми е црно

               Ме варди од студ

               А, кога пеам

               Јас не сум лут.

Испеа, малечкото пилче, Марта Кос. Испеа и ни ја отпеа како опело од некој свештеник на покојник.

За жал, голема жал, сега со твојата грда детска песничка духовно упокои цел еден народ и ги запусти детските соништа и на новороденчињата, на забавчињата, учениците, студентите, возрасните и старите.

Освен “МАНЏИТЕ“ сé фрли во уште неископан гроб за нас храбрите МАКЕДОНЦИ.

Луда ли си? Знаеш, низ вековите, колку поумни, посилни и поорганизирани царства, кралства, империи, сојузи, алијанси и моќни пактови НЕ им успеало, ти мало пилче – кос ли ќе го направиш? Што си се умислила, небаре си Божји пратеник или ангел во евтин демодиран фустан со печат недостижен за никого, овоземен во раката и ќе ја преземеш улогата на СВЕТИ АРХАНГЕЛ МИХАИЛ и ќе удриш на мојот благороден МАКЕДОНСКИ НАРОД, геноцидно да го истребиш, оставајќи ги во живот само нашите МАНЏИ.

На невин народ не му треба правдање. Но, ако седнам да ги набројувам, само дел од ВРЕДНОСТИТЕ на мојот НАРОД и тоа само оние подарените на целиот свет, комплетниот литературен опус од сите умни луѓе од сé можен жанр, досега познат, уредно распореден во сите библиотеки на светот нема да ми стигнат, а јас тамам да живеам и милион години, ти КОСЕ МАЛЕЧКО и вечно да живееш нема да ги разбереш.

Нема да ги разбереш затоа што злобата ти е поголема од духот, вредност не признаваш, БОГА не познаваш.

Ти, не знам што си, дали госпоѓа или госпоѓица, можеби и двете заедно, ама знам  СИ СРАМ, прво за братскиот СЛОВЕНЕЧКИ НАРОД и брука за позицијата и функцијата што ја претставуваш и ја вршиш.

Ја извршуваш функцијата на таков брутално бизарен начин што цел свет, особено мојот МАКЕДОНСКИ НАРОД не знае претставуваш, и дали?

Европа, храмот на демократијата, со неброени создаден, применети и нови вредности што надоаѓаат или пак, молам да ми простат чесното демократско мнозинство во ЕУ, за кое сум сто од сто сигурен, се срамат и ги наведнуваат главите, криејќи ги погледите пред нас навредените и повредени МАКЕДОНЦИ, слушајќи те тебе, КОСЕ МАЛЕЧКО како се расфрлаш со најцрните фашистички, прво надуени како крап расипан, пораки, а слободно ќе кажам и закани.

Сега, ќе се вратам малу, иако не заслужуваш, ти малечко зло пилче кос, но заради вистината и мојата и севкупната почит од македонските граѓани кон братскиот словенечки народ сакам само да потсетам.

Илјадници мои другари, пријатели, роднини, познати и непознати служеа чесно на границите на Словенија чувајќи го мирниот детски сон, по мојот попрво и твојот од каде потекнуваш како ризичен. Многу од моите познати не се вратија извршувајќи ја должноста, за вашата и нашата заедничка безбедност.

Само тоа е доволно да си ја треснеш твојата празна глава од ѕид и да се освестиш.

Како и мојот МАКЕДОНСКИ НАРОД, така и твојот и мој СЛОВЕНЕЧКИ НАРОД имаат светски дострели за многу други народи кои знаат што се права, па од тука ова што на крај ќе го кажам се однесува лично персонално само за тебе, малечко пилче кос.

Според она што имаш во главата и како се однесуваш, твојот личен идентитет, ќе повторам само твојот, после оваа глупава твоја тирада го поистоветувам со:

К Р А Њ С К А  К О Л Б А С И Ц А

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top