Коментари

Томас Вајц бил цел на клеветничка и заплашувачка кампања организирана од бугарски националистички структури

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Европскиот пат не смее да зависи од закани и уцени!

Во последниов период, сведоци сме на загрижувачки развој на настаните поврзани со Европскиот пат на Македонија, каде што не само државата, туку и претставници на Европскиот парламент стануваат мета на крајно агресивни и опасни кампањи.

Последниот случај со европратеникот Томас Вајц, кој е официјален известувач за Македонија во Европскиот парламент, е аларм за сите и во Македонија, и во Европската Унија.

Според информациите, Вајц бил цел на клеветничка и заплашувачка кампања, вклучително и со смртни закани, организирани од бугарски националистички структури. Неговиот телефон бил споделен на крајнодесничарски Телеграм канали, а причината за оваа хајка е неговата поддршка за европскиот пат на Македонија, пат кој да бидеме искрени, повеќе личи на политичка Голгота отколку на процес на интеграција.

Овој инцидент ја разголува вистината која многумина од нас ја зборуваат со години: дека дел од Бугарија, особено нејзините националистички кругови, не се задоволуваат со уцени и блокади само на институционално ниво, туку се подготвени и на лични закани, мобинг и класичен политички терор. Ваквото однесување не само што ја навредува самата идеја на Европската Унија како заедница на вредности, туку го доведува во прашање кредибилитетот на целиот проширувачки процес.

Томас Вајц, со сите свои ставови кои можат да се дискутираат и критикуваат досега настапуваше доследно и искрено. Тој уште еднаш потсети дека т.н. „француски предлог“, односно обврската за уставни измени со внес на Бугарите, не е билатерален договор меѓу Македонија и Бугарија. Но, факт е и дека токму Бугарија инсистираше на ваков модел на уцена, што потврдува дека нејзината крајна цел не е интеграција на Македонија во ЕУ, туку нејзино понижување, редефинирање и претопување.

Македонскиот народ не смее да дозволи оваа европската интеграција да се претвори во процес на самоукинување. Да, потребни ни се пријатели во Европа, како Вајц, кои ќе ја поддржат вистината за македонскиот јазик и идентитет, но уште поважно, потребни сме самите на себе.

Ни треба силна, достоинствена внатрешна политичка структура која нема да потклекнува под надворешен притисок, без разлика дали доаѓа од официјален Брисел или од заканувачки Телеграм-канали од Софија.

Ако Европа навистина верува во владеење на правото, човековите права и достоинството на народите, тогаш мора јавно и недвосмислено да ги осуди нападите врз европратеникот Вајц, и уште повеќе да престане да толерира системски национализам и историски ревизионизам кој доаѓа од официјална Бугарија.

Не може и не смее ЕУ да бара од Македонија да ги исполнува условите, додека еден нејзин сосед се однесува како да е над европското право.

Заканите и уцените не се европски вредности. И ако Европа не најде сила да се справи со тоа, тогаш нека не се чуди што Македонецот почнува да ја губи вербата во европскиот сон.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top