Коментари

Македонците со бугарски пасош се жртви, а не предавници!

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Свекрва

Македонец си ти, без разлика што пишува во пасошот!

Во последниве две децении, многу Македонци земаа бугарски пасоши, некои од луѓето ги нарекуваат предавници, други ги оправдуваат. Но вистината е, како и секогаш, многу посложена.

Погледнете ја реалноста: едно младо момче од Македонија сака да работи во Германија. Не може со македонски пасош. Го тера животот, сака да му помогне на семејството, сака иднина. И му се нуди „решение“, бугарски пасош. Но не добива документ без услов. Треба да потпише изјава дека е „од бугарско потекло“.

Овие луѓе не станаа Бугари во срцето.

Напротив, многу од нив, и денеска во Виена, Берлин, Цирих, Минхен или Амстердам, велат дека се Македонци. Ги слават нашите празници, пеат македонски песни, се крстат во македонски цркви. Но документите им се бугарски. Апсурд? Не, реалност. Зошто? Затоа што Македонија во минатото молчеше, политичарите крадеа, а системот се распаѓаше.

Тие не заминаа затоа што ја мразат Македонија, туку затоа што таа не ги сакаше. Или подобро речено, не им помогна да опстанат. А од другата страна, Бугарија не им подаде рака од добрина. Не. Туку за да создаде лажни „етнички Бугари“ во Македонија, за да каже: „Видете колку Бугари нè има во Македонија и затоа Македонија е бугарска!“.

Значи, тие што зедоа пасоши се жртви на геополитика, на безизлезност. И тие не смеат да бидат избркани од нашата национална приказна. Напротив нив треба да ги вратиме, да им кажеме: „Македонец си ти, без разлика што пишува во пасошот“.

Наместо да ги осудуваме, да прашаме зошто дојде до тоа? И уште поважно што правиме сега? Дали ќе создадеме држава каде младите нема да бегаат, каде не треба да лажат за потекло, каде достоинството не се купува со пасош? Македонците со бугарски пасош се македонскиот срам, но не поради нив, туку поради мафијашкото владеење на СДС и ДУИ.

Македонија конечно По години на стагнација, транзиција и корупциски мрежи, под новото водство започна да гради реална економска основа. Инвестициите растат, невработеноста се намалува, домашната економија полека добива воздух. Ова е позитивна промена која може да има сериозни долгорочни ефекти, не само врз животниот стандард, туку и врз еден осетлив процес: ваѓање бугарски пасоши и иселување.

Затоа економскиот опоравок не е само прашање на раст на БДП, туку и прашање на национално достоинство. Ако Македонија понуди достоинствен живот, младите нема да гледаат кон Благоевград или Пловдив за “економски спас”, ниту ќе мораат да потпишуваат изјави дека “пра-дедо им бил Бугарин”. Напротив, ќе останат овде, ќе градат домови, ќе отвараат фирми и ќе го чуваат македонскиот идентитет каде што им е местото, дома, во Македонија.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top