Коментари

Орце Ѓорѓиевски е правото лице за Скопје!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Со Орце до чисто, безбедно и модерно Скопје!

Доста беше хаос, урбанистичка мафија и запуштеност. Скопје заслужува нова енергија, решителност и визија. Орце ќе биде новото лице за Скопје и продолжение на битката за обнова!

Во време кога Скопје вреска за ред, визија и храброст, на политичката сцена стапува едно ново, но не и непознато лице, Орце Ѓорѓиевски. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата,  за градоначалник на главниот град на Македонија. Орце не е случаен избор, туку логичен чекор за продолжување на обнова која започна со новата Влада на чело со Христијан Мицкоски и со новата политичка одговорност.

Орце е човек кој одамна се наоѓа на првата линија на фронтот. Не со пенкало и празна реторика, туку со политички активизам, конкретни предлози и ангажман на терен. Млад, образован, директен, тоа не се само епитети, туку карактеристики што го одделуваат од сите претходни неуспешни експерименти со т.н. „непартиски“.

Скопје повеќе нема време за промашени проекти и аматеризам!

Главниот град е закочен во хаос, урбанистички, сообраќаен, еколошки и вредносен. Орце Ѓорѓиевски ќе понуди стратегија за Скопје, не само декларативна туку издржана и амбициозна. Преку конкретни решенија, соработка со стручната јавност, враќање на достоинството на градските Oпштини, и што е најважно слушање на гласот на граѓаните.

Денес, Скопје треба градоначалник како Орце кој знае да раководи, но и да се спротивстави. Да каже „не“ кога интересот на мафијата се обидува да се протне под маската на „развој“. Орце тоа го покажа и како опозиционер и како активен чинител на македонската политичка сцена и како градоначалник на Кисела Вода.

На Скопје му треба градоначалник како Орце со оглед на тоа какви кадри изнедри ВМРО-ДПМНЕ во последниве години, сосема е разумно да се очекува и Орце да го следи истиот пат: на отчетност, борба и успех.

Скопје да добие не само градоначалник, туку и вистински домаќин, кој знае да покаже дека Македонија мора да биде наша, горда, урбана и чиста!

Сега е редот на Скопје да се исправи!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top