Коментари

Едмунд Темелко-Првиот градоначалник во Мала Преспа

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Во историјата на Мала Преспа, како симбол на македонската самобитност надвор од матичната татковина, едно име останува длабоко врежано – Едмунд Темелко, првиот градоначалник на Општина Пустец.

Temelko 1

Со неговото стапување на оваа функција, започна ново поглавје за Македонците во Албанија – поглавје на институционално признание, борба за јазикот, културата и идентитетот.

Едмунд Темелко не беше само градоначалник. Тој беше гласот на немите, водилка во темнината и борец за правата на македонското малцинство. Неговото име стана синоним за храброст, истрајност и љубов кон родот Македонски. Под негово раководство, македонскиот јазик стана официјален во општината, а Македонското шеснаесеткрако сонце од Кутлеш гордо се вее пред институциите во Мала Преспа.

Temelko 2 copy

Неговата визија беше јасна: да се зачува и негува македонскиот идентитет во Мала Преспа, да се создаде општество на достоинство и еднаквост. И успеа, бидејќи Едмунд Темелко не само што ги предводеше луѓето, туку ги инспирираше да веруваат во себе дека нивните корени се Македонски, и успеа.

Темелко останува симбол на институционалната борба за македонскиот јазик, знаме и идентитет на Македонците во Албанија. Под негово водство, македонското национално чувство доби свое јавно и легално изразување, а Мала Преспа стана пример за отпор, достоинство и љубов кон Македонија.

Денес, кога ја споменуваме Мала Преспа, не можеме да не се навратиме кон неговото дело. Едмунд Темелко е легенда што останува живa во срцата на Македонците од овој крај, сведоштво за тоа што значи да се биде водач кога тоа е најтешко, и Македонец кога е најпотребно.

Денес, кога македонскиот премиер Христијан Мицкоски застанува рамо до рамо со Македонците во соседните држави и во дијаспората, се потврдува визијата што Едмунд Темелко ја започна: единство, достоинство и иднина за Македонците, без разлика каде живеат.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top