Коментари

Од нас зависи кога Македонија ќе биде обединета!

1Dzepovski1

Dzepovski copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Оваа мизерија, ова лудило што го живееме не е случајност, и не е само наш проблем. Се чувствува насекаде, низ целиот свет. Но Македонија, нашата света Библијска татковина е ранета и од надвор и од внатре.

Лажни пријатели, неискрени “сојузници”, домашни предавници и вродена завист меѓу нас самите, тоа е коктелот што не влече надолу. Но, време е да се разбере една суштинска вистина:  Македонија нема да ја обедини никој друг освен самите Македонци!

Во духовна смисла, многу од тоа што се случува денес е одамна запишано. Сè што гледаме, падот на вредностите, понижувањето на верата, непочитување кон Бога и семејството е дел од последната битка помеѓу доброто и злото.

Злото доби последна шанса и ја прокоцка. А крајот на злото, знаеме каде завршува, во пеколот. Таму ќе завршат сите оние кои ја сакаат да ја уништат Македонија, кои газат по македонската душа, кои се откажуваат од своето име, својата вера, својата чест.

И да не се лажеме, не е виновен само непријателот однадвор. Длабоката поделеност меѓу нас Македонците, омразата, подметнувањето, зависта, тоа е внатрешниот непријател што не уништува тивко. Ако не го искорениме тоа зло од внатре, никој од надвор нема потреба да не руши, ние самите ќе си ја срушиме куќата.

Но има и светло, секогаш има и надеж. Онолку Македонци колку што ќе останат вистински и чесни, ќе бидат доволни ако имаат вера, љубов и трезвен ум  да ја одбранат и обединат Македонија. Не треба да бидеме милиони, туку да бидеме обединети околу вистинските вредности: вера, чест, национално достоинство, и пред сè, љубов кон ближниот, а не омраза кон комшијата.

Парадоксално, денес, кога нè понижуваат и ни го негираат постоењето, нашите најголеми негатори почнуваат да нè признаваат. Претходно негираа дека сме Македонци, а денес не само што признаваат, туку се прават поголеми Македонци од нас! Се повикуваат на Александар Македонски, на античките корени, на македонската земја и дух. Тоа е нашата шанса.

Ако знаеме паметно да играме, ако покажеме зрелост и мудрост, ако конечно престанеме да се расправаме меѓусебно за ситни политички или лични интереси, ќе ја обединиме Македонија.

Да ги закопаме секирите, да го победиме “да му цркне козата на комшијата”. Времето доаѓа кога сè ќе дојде на свое место. Но нема да се случи само по себе. Ќе се случи само ако ние Македонците се обединиме.

ЗАПОМНЕТЕ – БОГ ГЛЕДА И НИШТО НЕ ОСТАВИЛ ДА МУ ИЗБЕГА ОД ОЧИТЕ. МАКЕДОНИЈА Е БИБЛИЈСКА ЗЕМЈА И СОНЦЕТО ВЕЧНО ЌЕ ЈА ГРЕЕ.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top