Коментари

Поделбата на Македонија историска неправда која сè уште боли

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

1912-13 годината е една од најцрните во историјата на македонскиот народ

Наместо остварување на вековниот сон за слобода и државност, таа донесе поделба, распарчување и ново ропство. Македонија, тогаш сè уште под османлиска власт, беше ослободена не за да стане слободна, туку за да биде растурена и поделена меѓу балканските апетити.

По Првата балканска војна (1912–1913), кога балканските држави (Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора) се здружија против Отоманската империја, дојде до несогласувања за тоа кој колку дел од Македонија ќе добие. Сојузот се распадна, почна Втората балканска војна, во која Бугарија војуваше против поранешните сојузници. Завршницата беше катастрофална за Македонија, не за воените сили, туку за македонскиот народ кој не беше прашан.

1DOOM 5 copy

Со Букурешкиот мировен договор, потпишан на 10 август 1913 година, Македонија беше брутално распарчена:

-Вардарска Македонија ѝ припадна на Србија

-Егејска Македонија ѝ припадна на Грција

-Пиринска Македонија ѝ припадна на Бугарија

-Мал дел од западна Македонија, подоцна, беше даден на Албанија

Оваа поделба не беше само географска, туку и национална, културна и човечка трагедија. Македонскиот народ беше подложен на жестока асимилација, присилна денационализација, прогонства, и масовни преселби. Македонецот во Егејот беше правен Грк, во Вардарот Јужен Србин, во Пирин Бугарин, во Албанија непостоечки.

Светот молчеше. Големите сили беа „зафатени“ со сопствени интереси. Македонија беше жртвено јагне на геополитиката.

Но македонската борба не престана. Од тие неправди се родија нови генерации борци, визионери и патриоти. Идејата за обединета, слободна Македонија продолжи да живее низ делото на Гоце Делчев, Даме Груев, Карев и илјадници други кои не се помирија со неправдата.

Денес, кога повторно сме сведоци на обиди за редефинирање на македонскиот идентитет, кога негирањето на македонскиот народ е секојдневие во соседството, но и во одредени центри на моќ, треба да се потсетиме на оваа историска неправда. Поделбата на Македонија не е завршена приказна. Таа останува отворена рана и повик за обединување, најпрво во духот, потоа и во реалноста.

Така поделбата на Македонија во Букурешт во 1913 година, која наликува на онаа на Римјаните од 167 година, не е прва поделба на Македонија. Секако дека последиците се огромни врз македонскиот народ. Ова што се случува денес е уште една етапа на милениумската борба на македонскиот народ за зачувување на своето име, идентитет, јазик и култура. Во иднина, оваа епопеја на македонскиот народ ќе биде запишана, не само во македонската туку и светска историја, како еден мал народ им се спротивставил на притисокот на Грците, Бугарите и бројните нејзини „пријатели“ членки на ЕУ и НАТО.

Македонија може да биде слободна и обединета, само ако Македонците се свесни за својата мисија.

Историјата не се заборава таа се учи, се памети и се продолжува!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top