Коментари

Ламбе Арнаудов: Брилијантната изборна КОНСТАНТА на ВМРО-ДПМНЕ

lambe-arnaudov

1Lam1 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

            Постојат три основни мотиви непосредно тематски поврзани меѓу себе за да се определам да ја напишам оваа колумна, што повеќе според мене одговара на ПОСЛАНИЕ ЗА ЛОЈАЛНОСТ И БЛАГОДАРНОСТ до верните гласачи на ВМРО-ДПМНЕ во изминативе 35 години и истовремено ЗАМОЛНИЦА да продолжат со уште појасно изразена за ВМРО-ДПМНЕ, МАКЕДОНИЈА, за СЕБЕ и на таков начин да ја исполните својата должност кон почитување, чување, доизградување и конечно заокружување на татковината како современа демократска, социјална, економски силна и комплетно безбедна држава.

Прво: Распишувањето на изборите.

            Намерно не го потенцирам видот на избори. Тој проблем е на државата и од нејзината територијална и политичка организираност и функционалност ги дели изборите на парламентарни, локални, претседателски, некаде окружни, жупански, губернаторски, републички и така натака.

            За политичка партија, особено од опсег и големина како ВМРО-ДПМНЕ постојат едноставно ИЗБОРИ.

            Избори на кои партијата секогаш е должна да победува и носи колективна и поединечна среќа на сите граѓани.

            Тоа, ВМРО-ДПМНЕ умешно, со многу страст, љубов, знаење и нагласен патриотизам, почетно обликуван од ВМРО и постојано надоградуван од ВМРО-ДПМНЕ речиси доведен до совршенство со доаѓањето на лидерот Христијан Мицкоски, го прави на уникатен начин, досега незабележан во историјата.

            Продолжуваме да одиме по патот на вистината, светлината да градиме силни институции во служба на економски, правни и социјални културно воспитани граѓани какви што се МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ.

            Второ: КОНСТАНТАТА!

            Според моите анализи, досега никаде и никому понудени, си водам лична евиденција за сите видови резултати од одржаните избори од 1990 година до денес.

            Убеден сум дека, токму тука лежи несекојдневната фасцинантна успешност на мојата политичка партија, СТОЛБОТ на неверојатно силна поддршка и сроденост со вечната доверба, воспоставена помеѓу гласач и партиска понуда што ја прави најсилно и непобедливо оружје: КОНСТАНТАТА!

            Во изминативе 35 години плуралистичко живеење во Македонија на локални, парламентарни, претседателски избори, референдумски изјаснувања, дополнети со прв круг, втор круг, прегласувања, надгласувања ВМРО-ДПМНЕ добил доверба од гласачите во Македонија повеќе од 30 милиони гласови собрани вкупно од секој граѓанин кој излегол на избори и гласал за НАС.

            Само за две недели од 24 април 2024 на претседателските избори во двата круга и парламентарните со еден круг на 8 мај 2024 после вториот претседателски завршен изборен циклус и со некои прегласувања добивме како ВМРО-ДПМНЕ близу еден и пол милион гласови.

            КОНСТАНТА, од невидени пропорции и димензии, апсолутно заслужена, но истовремено огромно обврзувачка кон нашата КОНСТАНТА – МАКЕДОНСКИОТ ГЛАСАЧ, предизвик од кој не се плашиме, напротив со гордост го прифаќаме и гарантираме дека обемот што и сега сам по себе е огромен на нашиот дел од координативниот систем што љубоморно и грижливо го чуваме, негуваме, нашата КОНСТАНТА, постојано и постојано ќе го зголемуваме.

            КОНСТАНТАТА – ВМРО-ДПМНЕ, флуидот што го испрати до гласачите  стигна и до нивните срца и до нивниот разум, а повратниот одамна и е изграден и внедрен кај секој ВМРОВЕЦ.

            Сигурен сум дека на претстојните избори влезно-приемниот капацитет на нашата КОНСТАНТА силно ќе се зголеми. Мотивот е еден и единствен, вреден за секаков вид жртва. МАКЕДОНИЈА и ние сите заедно на крај со нашите идни генерации ќе се радуваме и јасно ќе констатираме дека “жртвите“ кога е во прашање татковината не се жртви туку ситен влог за подобар живот.

            Тој ситен влог, заокружување на бројот на ВМРО-ДПМНЕ е влог и број за тебе, за твоето семејство, за твојата маала, општина, твојата работна обврска солидно платена, за успешност во твојот живот и конечно за мирен, спокоен и долговечен живот, твој и на твоето семејство.

            Трето: 2017 година. Време на невидена агресија и погром кон ВМРО-ДПМНЕ.

            Нескриена суровост и бахатост од Меѓународната заедница и внатрешната политичка БИЖУТЕРИЈА охрабрена од надворешна поддршка да нé избрише како партија, што нормално потоа без бедемот што ги брани интересите на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и ТАТКОВИНАТА МАКЕДОНИЈА, беа комплетно решени да нé избришат од светската карта, географија, јазик, литература, фолклор, музика, народно творештво и галантно бесплатно да го подарат на некои кои што на тоа богатство немаат право.

            Знам што правеа Христијан, Александар, Владо, Тимчо, Ѓоргија, Ивица, Игор, Влатко… и другите првотимци, знам и низ какви тешкотии минуваа низ таа борба, не би ја нарекол нерамноправна, зад себе го имаа идеалот ВМРО изворно и ВМРО-ДПМНЕ, што ги правеше силни и рамноправни и ја добија оваа ГОЛЕМА ВОЈНА ЗА ВМРО-ДПМНЕ И МАКЕДОНИЈА и од традиционални непријатели направија верни соработници.

            Голема благодарност до Вас ВИТЕЗИТЕ на македонската одбрана, од мене и сите како ВАС и истомислениците.

            Е, тогаш во еден разговор со еден странски дипломат, нешто пет минути по почетокот ме праша: “Како да ја бранам тезата, да останете политичка партија на македонската сцена, кога сите ве нарекуваат терористи?“, веројатно под импресија од настаните од 27 април со уставобранителите.

            Ја понудив КОНСТАНТАТА со сите свои бројки, идеолошки содржини и фрапантна поддршка.

            Одговорот беше повеќе од јасен.

            Или вие сите сте “терористи“ или сте најсаканата демократска партија. Јас знам, ВИЕ  сте ова второто.

            Второ по редослед ПРВО по значење.

            ВМРО-ДПМНЕ и понатака е најголемото богатство што го поседува со тапија и тестамент МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top