Коментари

Како може СДС кои ја газеа македонската гордост да зборуваат за патриотизам?

701 copy

701 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Подлоста на СДС нема граници!

СДС, партија која секојдневно тоне во рејтингот и (не)довербата кај граѓаните, се обидува да држи предавања за патриотизам, заборавајќи дека токму тие, го газеа достоинството на народот. Срамно и дрско е да зборуваат за темелите на македонската државност, кога токму тие се потписниците на најголемите понижувања и уривања на македонскиот идентитет.

Уште од деведесеттите години СДС тоа време се викаше СКМ–ПДП (Сојуз на комунисти на Македонија – Партија за демократска преобразба) го покажа својот однос кон Самостојна Македонија.

Од ПДП–СКМ до СДС–три децении економска пустош:

Уште од раните деведесетти години, ПДП–СКМ, трансформиран потоа во СДС, ја водеше Македонија по патот на економска пропаст. Наместо државата да ја насочат кон стабилен развој и зачувување на наследената индустрија, тие спроведоа политика на непромислена приватизација, криминално распродавање на државниот капитал и партиска контрола врз секоја стопанска гранка.

Фабриките кои беа гордост на Македонија – од текстилните гиганти, преку металургијата, до прехранбената индустрија, беа продадени за смешни суми или оставени да пропаднат. На нивно место останаа руини и илјадници луѓе без работа.

СДС–три децении кога беа на власт тргуваа со сè што е македонско:

Во клучните моменти од 1991 година не беа јасно и отворено за безусловна самостојност на Македонија.

Иако формално учествуваа во процесите, нивната политика тогаш беше повеќе насочена кон некаква форма на заедница со другите југословенски републики, а не кон целосно и независно одвојување.

Дури и на референдумот на 8 септември 1991, партијата го наметна формулираното прашање што оставаше отворена врата за останување во рамки на некаква скратена постјугословенска унија.

Се откажаа од знамето со ѕвездата од Кутлеш – симбол со илјадници години историја, кој беше знак на македонската борба за државност. Тоа беше првиот чекор во низа капитулантски потези што следуваа.

Најтешкиот удар дојде во времето на Зоран Заев, кога СДС потпиша и спроведе Преспански договор, со кој го избриша нашето уставно име „Република Македонија“ и ни го наметна понижувачкото „С“. Со овој чин, тие не само што ја прекршија волјата на над 600.000 граѓани кои на референдумот кажаа „НЕ“, туку ја погазија и крвта и жртвата на сите што се бореле за македонското име и идентитет.

Преговараа и прифаќаа барања кои директно ја негираа нашата историја и нашите национални херои.

Македонскиот јазик го ставија под ѕвездичка и фуснота, а националните интереси ги третираа како монета за фотелји и функции.

Следуваа нови удари–преговори со Бугарија кои кулминираа со потпишувањето на договорот за „добрососедство“ на 1 август 2017 година и прифаќањето на т.н. „француски предлог“ во јули 2022 година. Со тие чекори, македонската историја беше ставена на маса за преговори, а идентитетот и јазикот беа релативизирани.

Сето тоа, тие го нарекуваа „напредок“ и „европска перспектива“. Но народот знае дека тоа беше големо национално предавство.

Како може токму оние што ја рушеа куќата да зборуваат за нејзините темели?

Како може СДС кои ја газеа македонската гордост да зборуваат за патриотизам?

Затоа денес, кога се повикуваат на темелите на државноста, нивните зборови се празни, лажни и без кредибилитет.

И на овие локални избори–СДСМ нема што да им понуди на граѓаните, ниту визија, ниту проекти, ниту доверба, туку само празни ветувања и потрошена политика.

Македонскиот народ памети и должни сме да останеме будни, одлучни и непоколебливи.

Никогаш повеќе да не дозволиме повторување на оваа срамна историја која ја создаде СДС.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top