Коментари

Тажен е ден денешен за тебе Татковино – Македонијо!

1Dzepovski1

Dzepovski copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

112 Години како ни е разделена Македонија во Букурушт!

На 10 Август 1913 Македонија беше и официјално разделена, распарчана и распродадена на неколку страни.

По тој повод, наидов на една статија на Интернет и вреди сите да ја прочитаат, превземено од АВА МАКЕДОНИЈА.

Тажен е ден денешен за тебе Татковино – Македонијо!

Недела, 10/08/2025-то Лето Господово

Сто и дванаесет години од поделбата на Македонија

Поделбата на Македонија во 1913-та година низ призмата на Светото Писмо

Возљубени во Господа браќа и сестри скапи сонародници, поделбата на Македонија во Букурешт, 1913-та година, претставува една од најтрагичните пресвртници во историјата на македонскиот народ. Наместо слобода и обединување по ослободувањето од Отоманското ропство, македонската земја беше поделена меѓу тогашните балкански држави: Србија, Бугарија, Грција и Албанија. Овој чин не беше резултат на волјата на македонскиот народ, туку на геополитички интереси, воени победи и дипломатски договори кои мешетареа за своите интереси и ги игнорираа правата на еден автохтон народ.

Според Светото Писмо, ваквата неправда не е незабележана во очите на Бога, во книгата на пророк Исаија стои: „Зашто Господ е Бог на правдата – блажени се сите што се надеваат на Него.“ /Иса. 30, 18/

Овој стих нè потсетува дека вистинската правда не доаѓа од политичките договори, туку од Бога,  Македонскиот народ, иако разделен и потиснат, не престана да се надева, да се моли, да се бори (не со оружје, со збор и со вистината) и да го чека своето време на слобода и обединување.

Возљубени, Букурешкиот договор, наместо да донесе мир, тој остави длабоки последици: асимилација, забрана на јазикот, прогони, губење на идентитетот, дури слободно можеме а кажеме и геноцит на еден народ. Сето тоа беше спротивно на Божјиот повик за мир и почит кон другите народи, како што вели Христос: „Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји!“ /Мат. 5, 9/

Наместо миротворство, на Балканот се случи поделба и распарчување – акт што не може да се оправда ниту пред историјата, ниту пред совеста на човештвото.

Во Книга Мудри Соломонови изреки сѐ вели: „Не преместувај стари меѓи, кои твоите татковци ги поставиле.“ /Сол. Изр. 22, 28/

Ова е длабока порака за сите оние кои ја прекројуваат историјата и ги газат духовните, културните и етничките граници на еден народ во овој случај на македонскиот.

Возљубени, Македонија не беше само географска територија, туку таа е духовен простор, вековно култивиран од својот народ, со свој јазик, со своја култура, традиција и вера и посебен етнос.

Иако разделен, македонскиот народ не исчезна, тој го „зачува“ своето име, верата, јазикот и стремежот за обединување. Тоа е доказ дека Божјата промисла не се мери по човечките договори, туку по верноста во Бога дека Тој ја ставил Својата рака врз Својот народ.

Возљубени, поделбата на Македонија на 10 Житар / Август во 1913-та година е една историска неправда што не може да се избрише. Но, Светото Писмо нè учи дека Бог е Бог на правдата и надежта. Во таа вера, македонскиот народ живее и продолжува да се стреми кон целосно духовно и национално обединување.

Возљубени, нема мир без правда, и нема иднина без вистина!

Бог да ја благослови Македонија и македонскиот народ!

Македонија на македонците и малку повеќе и никако поинаку!

Вечна да е Македонија!

ЗАТОА ДРАГИ МАКЕДОНЦИ НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ И НЕ СЕ ПРЕДАВАЈТЕ, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА ДО КОНЕЧНО НЕЈЗИНО ОСЛОБОДУВАЊЕ И ОБЕДИНУВАЊЕ!

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top