Коментари

Македонија оди напред, без разлика колку ДУИ се обидува да го сопре тој пат!

UV Verni na Organizacijata

1uv11 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Нема предвремени избори, Македонија оди напред!

Последните изјави на премиерот Христијан Мицкоски упатени кон ДУИ се јасен сигнал дека политичката стабилност и фокусот на реформи нема да бидат жртвувани заради партиски калкулации и улични провокации.

ДУИ, кои две децении се столб на криминално-политичкиот естаблишмент, сега повторно се обидуваат да ја вратат државата во режим на постојани изборни турбуленции и криминал. Но, овој пат, планот им паѓа во вода.

ДУИ игра на картата на „кратко помнење“ кај народот, да се заборават сите афери, сите скандали, сите неправди што ги оставија зад себе. Но Македонија веќе гледа подалеку. Граѓаните знаат дека токму тие и СДС ја држеа државата како заложник на личните бизнис-интереси и привилегии, под превезот на наводна борба за права. А вистината е дека токму тие ги злоупотребуваа институциите за да ги обезбедат своите позиции и привилегии, додека државата тонеше во корупција и криминал.

Пораката на Мицкоски е јасна, оваа влада нема да падне на уцени, нема да подлегне на вештачки кризи, и нема да им дозволи на интегративците да се претстават како жртви.

Времето на уцени, блокади и политички пазари заврши. Македонија не смее повторно да биде вовлечена во циклус на предвремени избори кои служат само за спас на партиски кариери, а не за напредок на државата.

Македонија денес е на пат на промени и напредок, а ДУИ колку и да се обидува со закани, уцени и политички блокади, нема да успее да го запре тој процес.

Години наназад нивната политика беше насочена кон поделби, лични интереси и корупција, но времето на политичка трговија заврши.

Државата повеќе не е заложник на теснопартиски игри. Народот избра нов правец, правец на економски развој, враќање на достоинството и изградба на општество во кое владеат законот и правдата за сите граѓани во Македонија без разлика на вера и нација.

ДУИ може да влече наназад, но силата на народната волја, заедно со решителноста на новата влада на чело со Христијан Мицкоски, ќе ја турка Македонија напред.

Оваа држава е премногу силна за да ја сопре партија која се плаши од промени.

Денес, пред граѓаните има два јасни концепти, еден, кој 20 години ја опустошуваше државата, и друг, кој гради иднина врз темели на чесност, труд и заедничка визија.

Изборот е лесен, нема враќање назад.

Македонија оди напред, без разлика колку ДУИ се обидува да го сопре тој пат!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top