Коментари

Паролата „правата на Албанците“ и падот на довербата кон ДУИ

701 copy

701

ДУИ долго време беше синоним за политичка моќ меѓу Албанците во Македонија. Партијата владееше со едноставна, но моќна парола: „правата на Албанците во Македонија“. Но зад оваа парола, реалноста често беше поинаква, централизирана моќ, ограничен дијалог со граѓаните, и игнорирање на албанската заедница.

Последните години покажаа дека таа стратегија достигна граница. Две од најзначајните партии во „Европскиот фронт“ — Демократската партија на Турците (ДПТ) и Демократската партија на Албанците (ДПА) — веќе не соработуваат со ДУИ. Овој развој јасно покажува дека партијата не успеа да одржи единство и доверба, а нејзината доминација почнува да се распаѓа.

ДУИ не само што се соочува со организациски пад, туку и со морален и идеолошки предизвик. Долгогодишната практика на монополизирање на албанската политика ја исклучи шансата за вистинска демократска конкуренција и отвори простор за раст на алтернативни партии. Растот на независни листи и нови политички актери ја менува картата на албанската политика и јасно покажува дека граѓаните бараат нови решенија, а не само празни пароли.

ДУИ сега е пред избор: да продолжи по патот на централизираната моќ и паролата „правата на Албанците“ или да се отвори кон модернизација, транспарентност и вистински дијалог со сите граѓани без разлика дали се Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Бошњаци, Роми,…

Политичката ерозија на ДУИ е јасен сигнал дека долгогодишните методи „правата на Албанците“ е веќе застарена. Македонија е демократска држава, членка на НАТО, која ги гарантира правата и слободите на сите граѓани без разлика на вера или нација.

Македонија е пример за заштита на правата на малцинствата, не само на Балканот, туку и пошироко. Времето на пароли и политичка манипулација заврши, вистинската моќ е во економски развој.

Додека челниците на ДУИ од уста не ја ваѓаа паролата особено кога не беа дел од власта, реалноста на терен беше поинаква. Албанските села се испразнија, младите заминаа во европските држави барајќи подобар живот, (не заминаа затоа што во евроските држави албанците имаат поголеми права) во селата останаа само по неколку старци, затворени прозори и порти, суви чешми, празни училишта, и тивки улици.

Ова не е само демографска појава, туку директна последица на долгогодишните политики кои, зад паролите и големите ветувања, не нудеа конкретни мерки за економски развој, инфраструктура и можности за младите.

Времето покажа дека празните пароли не можат да ја заменат реалната грижа за луѓето и нивниот живот. Македонија денес е демократска држава која гарантира права и слободи на сите граѓани, а вистинскиот развој на албанските села зависи од конкретни политики, инвестиции и можности за младите да останат и да градат свој живот дома.

ДУИ мора да сфати дека времето на пароли заврши. Иднината бара вистинска одговорност и лидерство кое ќе ги вклучи граѓаните, сите граѓани без разлика на вера или нација, а не само да ги користи нивните права како средство за политичка доминација и за пред избори.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top