Коментари

СДС мислеше дека со медиумски манипулации и купување време ќе ја избрише меморијата на народот

1svekrva copy copy copy copy

1svekrva

Свекрва

Луѓето не се бројки во партиски калкулации, Тие се живи сведоци на ветувања, предавства и лаги. СДС мислеше дека со медиумски манипулации и купување време ќе ја избрише меморијата на народот. Но се излажаа, народот не заборава.

Се паметат Преспанскиот договор и промената на името без согласност од народот. Се паметат бришењето на македонскиот идентитет од учебниците. Се памети коалицијата со ДУИ, која стана симбол на политичка корупција и уцени. Се памети како државата беше претворена во приватен бизнис на неколкумина од раководствата на СДС и ДУИ, додека младите масовно се иселуваа.

Се паметат промените на знамето и Уставот, понижувањата пред соседите, непринципиелните коалиции и предавствата на националните интереси. Се паметат нереализираните ветувања за подобар живот, за економски раст и за праведно општество. Наместо тоа, граѓаните добија иселување на младите, раст на сиромаштијата и криминални скандали без одговорност.

Се паметат нереализираните ветувања – дека ќе донесат 500 евра просечна плата, дека ќе изградат инфраструктура, дека ќе има праведно судство. Наместо тоа, имавме криминални тендери, продажба на државни интереси и ароганција без преседан.

Претстојните локални избори нема да бидат обична политичка трка, тие ќе бидат пресуда. Во секое маало, секое село и секој град, луѓето ќе се сетат на лагите и понижувањата. Ќе гласаат со сеќавање во срцето и гнев во раката.

Секој глас ќе биде порака дека Македонија заслужува чесни и одговорни лидери. Затоа, сите на 19 октомври и 2 ноември да излеземе масовно, да ја кажеме својата волја и да ја вратиме честa на државата. Луѓето не забораваат –а оваа есен, СДС ќе го види тоа на дело.

Луѓето не забораваат а оваа есен, СДС ќе го види тоа на дело!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top