Коментари

Во Македонија се гради како никогаш досега!

701 copy

701 copy

Во Македонија денес се гради и тоа како никогаш досега! Секој ден, секој час, каде и да се сврти човек, ќе види градежна машина, работници кои со пот ја претвораат визијата во реалност, нов пат кој ги поврзува селата со градовите, нова училница што ќе ги пречека децата со насмевки, нова градинка каде мајките и татковците со мирна душа ги оставаат своите најмили.

Ова темпо на изградба не е само бројка на проекти и километри асфалт. Ова е вистинска револуција во животот на македонскиот народ. Се гради нова Македонија, модерна и достоинствена, но со длабоки корени во својата историја и традиција.

Нашите предци некогаш ги градеа своите куќи од камен и кал, со голи раце и со многу љубов. Денес ние ја градиме Македонија со современи машини, со планови и стратегии, но со иста таа љубов кон земјата што ни ја оставија. Ние продолжуваме таму каде што тие застанаа зашто Македонија е жив организам кој мора да се обновува, да се развива и да се надградува.

Секој нов автопат, секој нов водовод или канализација, секое училиште или спортска сала не е само бетон, железо и асфалт. Тоа е надеж! Тоа е пораката дека Македонија не се предава, дека нашата земја оди напред и дека ја имаме силата и визијата да создадеме подобра иднина за нашите деца и внуци.

Денес сме сведоци на капитални инвестиции:

-Автопатот Коридор 8, кој ќе ја поврзе Македонија со Бугарија и Албанија и ќе ја направи крстосница на Балканот;

Автопатот Коридор 10

-Новиот клинички центар во Скопје, најголемиот здравствен проект во последните децении, кој ќе обезбеди услови за современо лекување дома, во Македонија;

-Изградбата и реконструкцијата на училиштата и градинките во Скопје, Битола, Куманово, Гостивар и многу други градови;

-Културни домови во повеќе општини кои ја оживуваат македонската културна сцена;

-Спортските сали и стадиони што им даваат на младите можност да растат здраво и активно;

-Регионалните болници и здравствени центри во Штип, Прилеп и Тетово, со модерна опрема и нови одделенија.

Замислете колку генерации пред нас сонувале за ова, за чиста вода во секоја чешма, за современи училишта, за патишта кои ќе ги поврзат сите краеви на земјата. Денес тоа станува стварност. Денес Македонија е едно големо градилиште, и тоа е најубавата музика, звукот на машини, чекани и алати кои создаваат живот.

Кога се гради има надеж. Кога има надеж има иднина. А кога има иднина – тогаш и народот останува да живее овде, во својата татковина. Затоа овој градежен бран не е само економија, тоа е национална обнова. Тоа е продолжување на нашата борба за опстанок, само со други средства.

Нашата обврска е да го поддржиме овој процес, да не дозволиме повторно некој да ја внесе Македонија во стагнација, во темнина и безизлез. Заеднички да ја градиме, да ја чуваме и да се гордееме со сè што е создадено. Зашто Македонија не е ничија туѓа земја, таа е нашиот дом. А домот се гради, се негува и се остава на идните поколенија.

Денес Македонија е сведок на најголемата изградба во својата понова историја. И тоа не е само статистика, тоа е љубов, тоа е жртва, тоа е верба.

Во Македонија денес се гради како никогаш досега и тоа е најдобриот доказ дека нашата земја живее и дека иднината е тука, пред нашите очи.

 Да ја чуваме и градиме Македонија како светост!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top