Коментари

Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија!

1Manojil

1Mane 4 copy copy

Мане Јаковлески

Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија!

На овој ден, македонскиот народ на еден дел од нејзината територија ја заокружи вековната борба за слобода и создаде независна држава–Република Македонија.

1DOOM 3

Македонија не е подарок, туку светост создадена со крв, жртви и љубов.

Денес е ден кога секој Македонец од Р.Македонија, Егеј, Пирин, Мала Преспа, Гора, Европа, Канада, Австралија, САД со гордост ја крева главата и со срце извикува: Нека е вечна Македонија!   

На 8 Септември 1991 година, по вековни страдања и борби, по жртви на илјадници херои што го положија својот живот за слободата, македонскиот народ ја заокружи својата историска мисија – создавање на независна, самостојна и суверена држава. Со над 95 проценти „ЗА“ на референдумот, Македонците јасно порачаа дека својата иднина ја гледаат во своја држава Македонија!

Името Македонија е најстарото државно име на европскиот континент. Македонскиот народ е народ со континуитет, со државотворна традиција од антиката, преку Илинден, до АСНОМ.

Ни окупатори, ни делби, ни империи, ни забрани, ни менување име, знаме, не успеаја да го избришат македонското име и постоење. Тоа име се бранеше со крв и со вековен стремеж за слобода.

Денес, кога ја славиме независноста, да се сетиме на сите востанија, буни и жртви,… Илинденците, Асномците и сите современи генерации што ја бранеа татковината. Нивната жртва е наш АМАНЕТ!

Македонија не е подарок, таа е светиња создадена со крв, солзи и љубов кон оваа света Библијска земја МАКЕДОНИЈА!

Македонија и денес се соочува со притисоци, неправди и обиди за нејзино обезличување. Но народот кој преживеал илјадници години, кој не се покорил пред империи и диктатури, нема да дозволи да му се одземе идентитетот и правото на слободно постоење.

Дојдени се времиња кога уште посилно треба да ја чуваме својата татковина. Македонија ќе живее додека постојат Македонци кои ја сакаат, ја почитуваат и се подготвени да ја бранат.

Да останеме верни на АМАНЕТОТ!

Нека е честит 8 Септември–Денот на независноста!

Нека е вечна Македонија!

АМИН!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top