Коментари

Ламбе Арнаудов: Каде се сопнавме…?

lambe-arnaudov

1Lam1 copy

Каде се сопнавме на нашиот трнлив пат кон полноправно членство во Европската Унија…?

Н И К А Д Е !

Немаше каде да се сопниме. Ниту врата вистински ни се отвори, ниту пак за МАКЕДОНИЈА имаше видлив и јасно обележан пат што требаше да го изодиме.

Цинизмот и карикатурата предлозите со кои од време на време нé залажуваа и ни ги премачкуваа очите, но најчесто ставајќи ни розови очила, најпрво на нашите наивни и колебливи политичари, кои што потоа заради свое издигнување, егзибионистички го лажеа и сопствениот народ.

Така, неколкупати потпишавме некои навидум надежни договори полни со очигледни сопки и несовладливи препреки, а да тоа оние, потписниците или не ги видат, можеби недоволно уки да ги разберат или пак не знам, од која било друга причина, да ги премолчат и текст што нé води кон целосна политичка, државничка и идентитетска бездна, заради своја лична афирмација, ги прикажуваа како ИСТОРИСКИ УСПЕСИ.

Но, доволно беше, дури и политичар аматер површно да го види текстот, јасно однапред знаеше дека тоа е гибел за МАКЕДОНИЈА.

Тие, европејците, знаеја често, авторитетите, ако смеам така да ги наречам, глумејќи искрена желба да го олеснат нашиот тешко проодлив пат, нé ставаа на стартната позиција, ќе ни ги врзеа двете нозе, потоа ќе нé ставеа во вреќа до појас, останатите земји аспиранти, далеку зад нас по исполнувањето на сите реформи и домашни задачи, ги ставаа 99 метра пред нас и бараа да ги стигнеме и бидеме први односно да победиме во трката на 100 метри.

ПРВ ДЕЛ: Не се сопнавме ние, не паднавме сами туку нé сопнаа и нé турнаа во амбис проклетството на ЛИСАБОНСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА.

Таа, Лисабонска декларација, донесена на 27-6-1992 година во Лисабон, која што од друга страна се темели и заснова на претходен Договор односно Декларација од 16-12-1991 година каде што стои дека на ПЈРМ (поранешната југословенска Република Македонија) ѝ се гарантира неповредливост на границите и територијалниот интегритет на државата Х (икс) која што нема да го содржи нашето вековно име МАКЕДОНИЈА. МАКЕДОНИЈА која претходно од правни, економски, социјални, воени, безбедносни, граѓански, демократски и политички експерти беше прогласена заедно со Словенија, дека тие се ЕДИНСТВЕНИТЕ ДВЕ ДРЖАВИ  кои ги исполнуваат сите услови со што задоволуваат полноправно членство во Европската Унија, и тоа не само од државите произлезени од поранешна Југославија туку од државите од Источна и Југоисточна Европа.

Истото беше, со факти и податоци, потврдено дека сме први од дваесет и четири (24) земји кандидати дури и пред Словенија.

Се прашувам: Каде е правдата?, односно каде исчезна таа, а нејзиното место, во преден план, го завзеде  НЕПРАВДАТА.

Проработи секогаш подмачканата и како нова кралска машинерија Савојска, Бурбонска, дел од Сакскобурготската па ако сакате и Романови. Кралските роднински врски беа постојано под удар на “загрозените“ народи, нивните блиски и подалечни роднини ги убедуваа своите мецени дека моќната силна многу голема и најмодерна држава МАКЕДОНИЈА ќе го загрози нивниот идентитет, ќе го оспори нивното постоење, можеби и територијално делумно или целосно ќе ги избрише од светската карта на држави.

Параноја вешто изглумена, со одлично смислена пропаганда и апсолутно измамничка, успеа.

Што да кажам? Жалам искрено, многу жалам што не сме такви какви нé претставуваа нас МАКЕДОНЦИТЕ за да се увереа првостепено дека тоа е една од најголемите историско-политички ЗАБЛУДИ што модерниот свет толку лесно наивно ја проголта.

Или, што мислите, можеби јас сум НАИВЕН.

ВТОР ДЕЛ: Нашите врвни политичари, актуелни и временско и просторно присутни, актери со главни улоги доверени од режисерот МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.          

Го упропастија најдобриот филм што требаше да се сними и да ги освои сите ОСКАРИ што се доделуваат, сега не во Холивуд, туку во Брисел, Стразбур, Лондон, Парис и другите земји на МОК и со тоа дополнително ги усложнија и успорија процесите.

Чест, благодарност и поклонение на ретките исклучоци.

Останатите колебливци, кукавици, незнајковци, неборбени, неиздржливи, без жилавост, без постојаност и најважно без трошка љубов, родољубие и патриотизам

Ги оковавте своите браќа и сестри во тешки пранги и ΄рѓосани букаги, без око да ви трепне и срам да ве обземе.

Имам една порака за вас.

Додека не ве стигнало проклетството на совеста, барајте прошка од МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

На овој свет ден 8 септември, нашиот крал, цар, војвода или надвојвода, неговото величество НАРОДОТ можеби ќе ви прости, да ја оплакнете вашата црна совест, да ги признаете гревовите, страдањата, неправдите и жртвите што ги нанесовте на МАКЕДОНЦИТЕ. Друго ништо не ве мие.

Сакам едно свое лично мислење да дадам за сите случувања од тие тешки времиња, мислам релевантно бидејќи бев присутен и внатре во Македонскиот Парламент и во Европскиот совет и искрено жалам што и јас не сторив нешто повеќе и затоа себе си не се амнестирам. Утеха ми е, за разлика од другите што се ОБИДОВ.

Почитувани европски пријатели, пријатели соседи и пријатели промашени државници, штетници

УШТЕ ЕДЕН ВАКОВ ПРИЈАТЕЛ И ДУШМАНИ НЕМА ДА НИ ТРЕБААТ.

ТРЕТ ДЕЛ, најважен: НАРОДОТ.

Народе МОЈ МАКЕДОНСКИ и сите граѓани на МАКЕДОНИЈА Ви го честитам Денот на Независноста 8 септември. Тоа е ТВОЈ ДЕН. Тоа е ВАШ ДЕН.

Благодарност уште еднаш, честитки и поклонение за храбрата и умна одлука, да го заокружиш најмалото зборче во македонскиот јазик меѓутоа титан по значење, волшебно по содржина, големото “ДА“ (ЗА) и сам ЗА себе и ЗА идните генерации го направи најдоброто што еден човек во својот живот може да го стори.

Тоа магично “ДА“ (ЗА) ги победи сите неправди, страдања, понижувања, навреди и жртви и саможртви што МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во минатото дамнешно а и скорешно време незаслужено ги доживуваше.

Тоа “ДА“ (ЗА) и ги ревалоризира сите наши борби за сочувување на нашите но и светските вредности име, јазик, идентитет, култура и сите останати идентитетски атрибути на нашата вековност.

Ти благодарам што во ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски со неговиот тим препозна она што ТИ НАРОДЕ МАКЕДОНСКИ како најдобар селектор, природен и правичен одбра да се приклучиш и заедно да градиме благосостојба сега и светла иднина за нашите деца.

Во време кога сите сили ги снемува се појавува НАРОДОТ со својот избор Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Тогаш друг и не треба.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top