Коментари

Биди вечна и обединета, Македонијо!

1Dzepovski1

Dzepovski copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Пробале многу, и денес сè уште пробуваат, да те закопаат, Мајко наша Македонијо. Но секогаш, како бумеранг, нивната злоба им се враќа право во нивните глави. Твојата сила е испеана во зборовите: „кој душман влегол, жив не излегол, ти го ставаш во гроб“. И токму тоа е твојата вечна судбина да опстанеш, да не дозволиш темнината да ја згасне твојата светлина. Илјадници години се обидуваат да те избришат, а ти и понатаму гордо стоиш, недопирлива и света.

Денес ти недостасуваат неколку делови од твојата територија, но твојата реална големина е трипати посилна од секоја мапа или граница. Егеј и Пирин се твое срце и белодробие, а Вардар е твојата душа што пулсира. Сè тече, сè се менува, но само Македонија останува непроменета, Библијска земја со најголемо име, земја што го носи духот на вечноста.

И кога си малтретирана, врзувана и камшикувана од ѓаволот, пак не’ учиш на сила, љубов и трпение. Пак не’ тераш да издржиме и да веруваме во денот кога сите Македонци од сите страни ќе бидат заедно, сплотени и горди во твојата вистинска големина.

Се сеќавам: пред 50 години, „големите експерти“ предвидуваа дека до 2020 година Македонија ќе исчезне, дека Македонците ќе бидат избришани и дека од нашето име ќе остане само сенка. Но, еве сме денес, во 2025 година, горди и живи! Можеби не е совршено, можеби може подобро, но најважно е дека Македонија и Македонците останаа!

Сè може да исчезне, но ние сме доказ дека Македонија е вечна!

Македонија е нашата крв, нашата љубов и нашата вечност. Ти си нашето сонце, нашето знаме, нашата иднина.

Затоа, браќа и сестри Македонци да се обединиме, време е да го кренеме гласот, да се исправиме исправени пред светот и да покажеме дека сме едно!

Нека секој Македонец ја носи Македонија во срцето и нека не’ дозволи некој да ја продава. Само сплотени ќе бидеме непобедливи!

ЉУБОВТА И ВЕРБАТА ВО БОГА СЕ НЕПОБЕДЛИВИ И ВЕЧНИ ПА ЗАТОА МАКЕДОНИЈА ПОСТОИ И ЌЕ ПОСТОИ.

СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МАКЕДОНИЈО И НЕ Е САМО 8 СЕПТЕМВРИ ТВОЈОТ РОДЕНДЕН, СЕКОЈ ДЕН, СЕКОЈ ЧАС И МИНУТ СЕ ТВОИ И НАШИ РОДЕНДЕНИ СО БЛАГОСЛОВ ОД БОГА.

Биди вечна и обединета Македонијо!

Нека ти е среќен роденденот Македонијо!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top