Коментари

Владата рабори да ја смени негативната демографска слика

701 copy

701 copy copy copy copy

Во последните децении Македонија се соочува со еден од најголемите општествени проблеми, масовното иселување на младите и работоспособните граѓани. Причините за оваа појава се повеќеслојни: недоволно развиена економија, ниски плати, ограничени можности за професионален развој и недоверба во институциите.

Сепак, со политиката на новата влада постои надеж дека преку успешно спроведена економска политика може да се создадат услови за враќање на дел од тие што ја напуштија татковината.

Прво, економската стабилност е основа за задржување и враќање на граѓаните во својата татковина. Владата прави напори за да успее да обезбеди повисоки плати и пензии, подобри услови за работа и сигурни работни места, тогаш младите ќе имаат помалку причини да ја бараат својата иднина надвор.

Конкретните мерки, како намалување на даночните оптоварувања за бизнисите, поддршка и стимулирање на иновациите, можат да креираат нови можности за самовработување и развој на претприемништвото.

Второ, привлекувањето на странски инвестиции и подобрувањето на инфраструктурата ќе придонесат за модернизација на стопанството. Инвеститорите носат капитал, технологии и нови стандарди на работење, што дополнително ќе го зголеми квалитетот на работните места. Тоа е силна причина за многу Македонци во странство да размислат за враќање, бидејќи ќе можат да ја применат својата стручност во современа и конкурентна средина.

Трето, дијаспората претставува огромен неискористен потенцијал. Македонците кои заминале во странство често стекнуваат нови вештини, искуства и финансиски средства. Владата создава поволни услови за инвестирање и враќање на дел од нашите иселеници а тие луѓе би можеле да придонесат за зајакнување на домашната економија. На тој начин, процесот на „одлив на мозоци“ би можел да се претвори во „враќање на мозоци“.

Четврто, покрај економските фактори, се гради и доверба во институциите. Владеењето на правото, транспарентноста и борбата против корупцијата се подеднакво важни како и економските мерки. Ако граѓаните почувствуваат дека живеат во праведно општество каде што се ценат знаењето и трудот, тоа ќе биде дополнителен мотив да останат или да се вратат во Македонија.

Заклучно, Владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски работи  да ја смени негативната демографска слика. Со успешно спроведени економски политики, подобрување на стандардот и враќање на довербата во институциите.

Македонија може да стане земја во која луѓето не само што ќе сакаат да останат, туку и ќе се вратат за да градат своја иднина. Враќањето на дел од оние што заминале би било најголемиот успех, бидејќи токму тие се најголемиот капитал на државата и нејзините луѓе.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top