Коментари

Пет мандати власт на СДСМ и ДУИ“, илјада скандали

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy

Кога ќе се погледне наназад, тешко е да се избројат сите скандали и неуспеси на СДСМ и ДУИ. Пет мандати власт, а државата остана без визија, со изобилство од корупциски афери и разочарани граѓани.

„Рекет“ – симбол на СДСМ е Аферата што ја разголе целата нивна политика. Наместо независно судство, добивме судство во служба на власта. Наместо борба против корупцијата, видовме рекетирање од највисоко ниво. Граѓаните ја изгубија последната надеж дека правдата може да биде еднаква за сите.

Тендери по мера на ДУИ со години ја претвори државата во свој приватен имот. Скендербег плоштад, милионски договори за инфраструктура и јавни набавки – сè тоа беше начин да се нахрани клиентелистичката мрежа. Наместо вистински развој, добивме партиска економија и поделби.

Економија на апарати и покрај сите ветувања за „економски бум“, Македонија со СДСМ и ДУИ потона во долгови. Секојдневно слушавме за „нови инвестиции“, но фабриките не доаѓаа, а младите масовно ја напуштаа државата. Илјадници секоја година бараа спас во Германија, Италија,  Австрија или Швајцарија.

Здравство во распад

Од ветување за модерни болници, добивме хаос. Недостиг на лекови, недостиг на кадар, и скандали како „Онкологија“, каде пациентите беа оставени без терапија додека некој профитираше на нивната мака. Ова е најтешкото наследство на нивното владеење.

Правда за своите, хаос за сите други, „Нема да има недопирливи“, велеа. Но во пракса, токму нивните најблиски станаа најнедопирливи. Корупцијата се прикриваше со политички игри, а правдата се претвораше во театар за јавноста. Народот доби само разочарување.

Европска иднина – вечно чекање: Петнаесет години зборуваа за ЕУ, а резултатот е нула. Секогаш ново ветување, секогаш нова „историска шанса“. Наместо европска Македонија, добивме држава во заложништво на сопствената корупција и неспособност.

А за штетата и велеп редавствата што ги направија на државата е друга и долга приказна.

СДСМ и ДУИ зад себе оставија изгубени генерации, уништени институции и тотална недоверба во државата. Пет мандати владеење беа доволни за сите да видат дека нивните ветувања за правда и развој беа само маска за корупција и личен интерес.

Затоа денес, кога се вели дека за 15 месеци може да се направи повеќе отколку за пет мандати, тоа не е претерување. Тоа е голата вистина.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top