Коментари

Секој втор во Бугарија е Македонец

1Dzepovski1

Dzepovski copy copy copy copy

Вистината што боли!

Секој втор во Бугарија е Македонец. Ова не е ниту парола, ниту мит, туку сурова вистина која секој чесен Бугарин ја знае во себе. Колку и да боли, реалноста е јасна: голем дел од денешните „Бугари“ се луѓе со македонско потекло, но од политички интереси го негираат својот вистински идентитет.

Голем број Македонци, прогонети од турските зулуми, балканските војни и систематските политики на уништување на македонското, биле принудени да бегаат во новосоздадената држава Бугарија. Бугарија како држава беше измислена од Русија во 1878 година и запечатена со германскиот принц Фердинанд. Така настанаа Бежанците – Македонците бугари што бараа засолниште, но со текот на времето беа присилени или заведени да го сменат идентитетот.

Политиката и парите направија многумина да се откажат од своите корени. Во трката по богатство и удобен живот, тие ја заборавија својата татковина – Македонија. Денес, токму тие луѓе се најгласните „Бугари“, но зад нивното декларирање стои истата крв и истата историја – македонската.

Нашата цел не е омраза, туку љубов и трпение. На нас ни останува да ги разбудиме тие изгубени души и да им помогнеме да се вратат во своето вистинско стадо. Ние мораме да ја гледаме Бугарија како дел од Македонија, како дел од едно поголемо цело. А на Бога му ја оставаме задачата да им ги исчисти умовите на сите оние што денес се нарекуваат „Бугари“ а се Македонци.

АКО ГИ СОБЕРЕМЕ СИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО БУГАРИЈА, ГРЦИЈА, МАКЕДОНИЈА И ОКОЛУ ВО РАДИУС ОД 300 КИЛОМЕТРИ ЌЕ ЗАКЛУЧИМЕ ЛЕСНО ДЕКА ГОЛЕМ Е СОЈОТ И БРОЈОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ И САМО ГОСПОД МОЖЕ ДА НЕ СОЕДИНИ ЗАЕДНО И СЛОЖНО.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top