Коментари

Паниката во СДСМ и ДУИ е доказ дека доаѓа нивниот крај!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Браќа и сестри, мои пријатели, комшии, граѓани на Македонија, дојде времето кога вистината не може повеќе да се крие. СДС и ДУИ се се’ понервозни од кога било до сега, затоа што знаат дека пред нив е најголемиот пораз во историјата на самостојна Македонија.

Децении наназад тие ја користеа државата како приватна сопственост. Го распродадоа националното достоинство, го уништија образованието, го уништија земјоделието, го доведоа здравството до колапс, ја задолжија државата до гуша, голем дел од младите се иселија, а останатиот дел што остана во државава ги оставија во сиромаштија и без перспектива.

Секој град е сведок на нивните неуспеси: Скопје, град кој некогаш беше гордост, за време на нивното владеење стана жртва на негрижа и корупција. Распаѓање на јавниот превоз, улици полни дупки, расфрлано ѓубре насекаде,… а тие со нивните темни наочари, глумеа и се преправаа дека проблеми не постојат.

Битола, Прилеп, Штип, Куманово,Тетово, Гостивар и во сите други градови во државава, илјадници млади масовно заминуваа во странство. Секое семејство има по еден член кој ја напуштил државата поради нивната неспособност.

Нивните ветени „реформи“ останаа само празни зборови. Наместо правда, добивме селективна правда. Наместо развој, добивме стагнација. Наместо Европа, младите заминаа во Европа, и на крај за време на нивното владеење ја добивме најкорумпираната власт во регионот.

Затоа денес стравуваат! Затоа се понервозни од кога било! Знаат дека доаѓа сметката за нивните лаги и предавства.

Но, ова нема да е само пораз на СДС и ДУИ. Ова ќе биде победа на народот! Победа на чесните луѓе над корумпираните.

Победа на младите што сакаат да живеат дома, а не да заминуваат во туѓина.

Победа на Македонија што сака да биде горда, а не потчинета и продадена.

На овие избори народот ќе покаже дека е посилен од сите нивни лаги и манипулации. На овие избори народот ќе им порача јасно и гласно: Времето на криминал и неправда заврши.

Пред нас е историски момент, да го казниме нивното долгогодишно владеење и да ја изградиме нашата заедничка Македонија, за народот, со народот и по мерка на народот!

Браќа и сестри, мои пријатели, комшии, граѓани на Македонија, со години наназад се богатеа на наш грб. Тендери по мерка за своите фирми, провизии за секој договор, купување станови, коли и хациенди, додека народот броеше денови како да го помине месецот.

На наредните локални избори ќе го слушнат одговорот од народот:

ДОСТА НИ Е И ОД СДС И ОД ДУИ!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top