Коментари

Силна Македонија почнува од силна Општина!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

На изборите ќе учествуваат стотици кандидати за градоначалници, но победникот е секогаш еден-Македонија!

Од полноќ започнуваат дваесетте дена на демократска трка, во која секој граѓанин има чест и должност да ја изрази својата волја. На 19 октомври, а доколку има втор круг и на 2 ноември, нашата татковина ќе го одржи осмиот циклус на локални избори од независноста, уште еден доказ дека Македонија чекори цврсто по патот на слободата и самостојноста.

Ова не се само избори за градоначалници и советници, ова е избор за тоа какви ќе бидат нашите општини, градови и села, какво општество ќе им оставиме на идните генерации. Секој глас е глас за иднината, за семејството за нашите деца, внуци и за нашата Македонија.

На изборите ќе учествуваат стотици кандидати, но победникот е секогаш еден, Македонија. Со секој излезен граѓанин, ја потврдуваме нашата љубов кон татковината, нашата верба во демократијата и нашата решеност дека иднината ја градиме со сопствени раце.

На 19 октомври не сме само избирачи, сме чувари на суверенитетот, градители на иднината и продолжувачи на македонската традиција за слобода и правда. Изборите се момент кога сите сме еднакви, кога силата на народот се преточува во заедничка одлука. Изборите не се обврска, тие се чест, на 19 октомври ја избираме нашата иднина.

Да излеземе масовно на изборите, затоа што Македонија се гради со нашите раце, Македонија е наша заедничка куќа, нашиот глас е темелот на нејзината сила.

Да не чекаме некој друг да одлучи за нас, Македонија заслужува да биде силна, обединета и горда.

Vistinski izbor copy

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top