Коментари

Македонија – генерација што победува!

1Manojil

1Mane 4 copy copy copy copy copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Македонија не започнува денес. Таа не е приказна што се раѓа одново со секоја генерација. Таа е долг пат, тежок, но и славен пат. Пат исполнет со борби, со жртви, со победи и сонот за слобода. Пат по кој нашите предци чекореле исправено, и кога било најтемно и кога изгледало невозможно.

Од генерација на генерација, низ векови на страдања и искушенија, овој народ знаел да стои исправено. Знаел да се бори, да не се покори, да не се предаде. Затоа сме тука денес. Затоа ова парче земја сè уште е наше, затоа што тие пред нас не дозволиле да згасне пламенот.

И денес, ние сме тие што ја продолжуваат таа вечна низа. На нас е редот! На нашата генерација, на нашите срца и раце.

Одговорноста што ја носиме е огромна, затоа што не смееме да ја изгубиме вистината, да го изгубиме достоинството, да ја изгубиме Македонија.

Нашата генерација нема право на предавство! Нема право да молчи, нема право да се колеба. Ние сме повикани да бидеме продолжение на историјата, да бидеме гласот и силата на нашите предци.

Оваа генерација во Македонија имаат само една задача –ПОБЕДА!

Победа над неправдите, победа над лагите, победа над сите што сакаат да ја поништат нашата татковина. Победа за иднината на нашите деца, за иднината на нашите внуци. Победа за да го чуваме јазикот, името и идентитетот. Победа што ќе покаже дека Македонија знае да се исправи и да го земе она што со векови ѝ припаѓа, чест и достоинство.

Историјата не ја пишуваат оние што се плашат. Историјата ја пишуваат храбрите! Оние што веруваат кога е најтешко, оние што стојат исправено кога сите други клекнуваат. 

Иднината не ја гради некој друг, таа е во нашите избори денес, во секоја рака што помага, во секое срце што верува и знаеш, дека твојот глас е повеќе од политика.

Тоа е избор за улицата по која чекориш, за паркот каде се среќавате, за училиштето каде растат вашите деца и знаеш, со еден избор продолжуваш напред. Со друг можеш да се вратиш назад.

Твоето место е дел од твојата душа, твојот човек е оној што секогаш е тука.

Твојата иднина е она што заедно го создаваме.

А сите три ги поврзува вистинскиот избор!

Со Твојот човек!

За Твоето место!

За твојата иднина!

Затоа велам, оваа генерација нема да падне на колена. Оваа генерација ќе биде генерација на победата!

И кога ќе поминат години и децении, нашите потомци ќе можат да кажат: „Тие не ја предадоа татковината, тие ја донесоа победата, победата за сите без разлика на вера или нација што живеат во Македонија!“

                    9 copy copy copy

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top