Коментари

На локалните избори во Македонија изгубија СДС-ДУИ и нивните газди во Бугарија

1Dzepovski1

Dzepovski copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Математиката на бугарските „братушки“ на Венко и Заев некако не им излезе како што очекуваа.

Колку и да пресметуваа, колку и да ткаеја планови зад завесите, едно нешто не предвидоа – силата на македонскиот народ.

Колку милиони евра трошеа преку нивниот миленик Црпко, џабе им е. Пари фрлени во ветер, затоа што во Македонија не владее туѓа волја, туку владее волјата на народот!

И повторно, неизбежна тема и срам за СДС е токму Венко Филипче.

Македонците добро ја знаат приказната. Дедото му, изрод и предавник, ги пречекал бугарските окупатори во Охрид, им го отворил градот и им ги предал светињите на Македонската архиепископија, круната создадена со крв, пот и несебични жртви на Македонците.

Денес, внукот чекори по неговиот пат. Кај тие фамилии, желбата за пари и власт е поголема од љубовта кон татковината. Продажбата им стана навика, лагата средство, а предавството начин на живот.

Со украдените пари од македонскиот народ, дуото Црпе и Венко се расфрлаат по јахти во Грција, со златни визи во Дубаи, со банкноти од по 500 евра залепени на пејачи. Слика на неиживеани, покондурени опинчари кои мислат дека луксузот ќе ја покрие нивната беда и предавство.

Но додека тие се луксузираа, Македонија ја влечеа кон бездна, кон провалија, кон пеколот.

Но, дојде време народот да им одговори!
На 19 октомври 2025, на локалните избори, Македонија ја покажа својата сила и достоинство.

Народот ја повтори вековната вистина: што си сеел – тоа ќе жнееш!

Затоа нека си ја мислат тие од Бихаќка, Забавата заврши. Сега следува сметката, не на шанкови, туку во Идризово.

ШТО МИСЛАТ АТЕИСТИТЕ И КОМУНИСТИТЕ КАЈ НАС И ВО СОСЕДСТВОТО?, ДЕКА МОЖЕ ДА ТЕРААТ КАКО ШТО САКААТ И ДО КОГА САКААТ СО ИСТИ СТАРИ ФИНТИ СО МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ?

ОВИЕ ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ СЕ УВЕРТИРА НА ОНА ШТО ДОАЃА А ТОА Е БОРБАТА НА БОГ СО АНТИХРИСТИТЕ И НИВНИТЕ СЛЕДБЕНИЦИ.

АМИН !!!

————-

Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, го победија СДС и ДУИ во првиот круг на локалните избори во следните општини:

1.Берово, 

2.Битола,

3.Босилово, 

4.Бутел, 

5.Василево, 

6.Вевчани, 

7. Велес, 

8.Гази Баба, 

9.Гевгелија,

10.Ѓорче Петров

11.Градско

12.Делчево, 

13.Демир Хисар, 

14.Зелениково, 

15.Илинден

16.Јегуновце

17.Кавадарци, 

18.Карбинци, 

19.Кисела Вода, 

20.Кратово, 

21.Новаци, 

22.Ново Село, 

23.Охрид, 

24.Петровец, 

25.Пехчево,

26.Прилеп, 

27.Радовиш, 

28.Ресен, 

29.Свети Николе, 

30.Сопиште,

31.Старо Нагоричане, 

32.Струмица,

33.Штип.

Karta oboena Lokalni izbori copy

Македонија обоена во црвена боја.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top