Коментари

Александар Македонски Џеповски

1Dzepovski1

1a-aleksandar

Александар Македонски Џеповски

Да ти имало 8 милиони Македонци во Турција. Ова бројка на Македонци само во Турција е многу импозантна. 

Осум милиони потомци на народот на Александар, Кралот Македонски, кои низ вековите се расеале по светот, но никогаш не ја изгубиле својата свест, своето потекло, својата гордост.

Бројка што сама по себе звучи неверојатно, но и величествено.

Ако само во Турција има толку Македонци, тогаш замислете колку не има уште во Европа, Канада, Америка, Австралија?.

17a-DOOM

Вардат, Егеј, Пирин, Мала Преспа, Гора, цела територија на Македонија, би била премала да ги вдоми сите овие наши браќа и сестри што носат македонско потекло.

Голема е Македонија, по духот што го ширела низ светот. Таму каде што стапнал Александар, Кралот Македонски, таму се родила магијата наречена Македонија.

Колку и да се обидуваат, со векови, најрасипаните умови да не избришат, да не асимилираат, едноставно не можат. Не постои сила што може да го уништи она што е создадено со дух, љубов и чест. Нема теорија, нема формула, нема стратегија што може да ја избрише Македонија од срцата на нејзините луѓе.

Има нешто надприродно, што не дозволува да се оствари пеколниот план на натемаго, нешто што нè држи исправени, живи и горди. Македонецот, дури и кога ќе го разделат, кога ќе му го одземат името, јазикот или ќе му ја поделат земјата, повторно се раѓа. Како пиреј сме, семе што расте дури на камен, така македонскиот ген опстојувал и ќе опстојува вечно!

Границите и религиите се привремени алатки во рацете на оние што мислат дека можат да управуваат со судбината на народите. Но Македонецот не е создаден за да биде управуван. Тој е создаден за да создава, да остава трага. Ние сме народ што сме дале култура, писменост, религија, македонецот е пример на човештвото што значи достоинство и упорност.

Се обидоа да го избришат (привремено) името, да го променат идентитетот, да ја искриват историјата, но не успеаја. Зашто Македонија не е само држава, таа е чувство, енергија, наследство, духовен код што се пренесува низ генерации. Македонскиот ген е мистерија за сите што не можат да разберат како е можно еден народ толку мал по број, а толку голем по влијание и сила на духот.

Пробуваа и ќе пробуваат да го уништат, е арно ама никако да им успее. Македонскиот ген и отпор бил и ќе биде голема енигма како опстојува.

И токму затоа има осум милиони Македонци во Турција. И уште милиони во Европа, Австралија, Америка, Канада…

Македонија е насекаде каде што трепери македонско срце. а тоа срце, верувајте, никој никогаш нема да го сруши.

ЕДНО Е СИГУРНО, БЕЗ БОЖЈА ВОЉА И ПОМОШ СЕТО ТОА БИ БИЛО НЕВОЗМОЖНО ДА ИСТРАЕ И ДА СЕ ИЗДРЖИ.

СЕКАДЕ ГИ ИМА МАКЕДОНЦИТЕ И НЕКА СЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ И СЛОЖНИ ЗА ВЕК И ВЕЧНИ ВРЕМИЊА.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top