Коментари

На 2 ноември Македонија ќе победи!

1Mane

9-mane 7 copy copy

Мане Јаковлески

На 2 ноември Македонија ќе ја запише една од најсветлите страници во својата современа историја, кога народот ќе покаже дека никој не може да му го земе правото сам да одлучува за својата судбина.

2 ноември нема да биде само ден на избори, туку ден на победа против неправдите, лагите и понижувањата што премногу долго нè гушеа, со заокружување на бројот 9, ќе победи Македонија што некои се обидоа да ја понижат, но која повторно се крева, посилна од кога било!

 На 2 ноември ќе победи вербата дека чесноста, трудот и љубовта кон народот и државата можат да ја победат лагата, корупцијата и неправдата и ќе биде резултат на чесната работа, на посветеноста и на одговорноста што последниве години повторно се вратија во институциите.

Оваа победа ќе биде резултат на четиригодишното чесно работење на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои покажаа дека Македонија може да се обнови со труд и одговорност.

Оваа победа ќе биде резултат и на петнаесетмесечното владеење на Владата на Република Македонија, предводена од човекот кој не само што ветува, туку работи, човекот што ја крена Македонија на нозе, што ја врати вербата во државата и докажа дека патриотизмот не е празен збор, туку секојдневна борба, пот и чесна работа за народот.

 Оваа победа ќе биде победа на сите во Македонија, без разлика на вера или нација, ќе биде победа на мајките што со солзи ги испраќаа децата во туѓина, но сега повторно гледаат надеж, ќе биде победа на младите што сакаат да останат, да градат и да создаваат тука, во својата земја, во Македонија.

Оваа победа ќе биде победа и за македонската дијаспора, кои со љубов, гордост и вера ја промовираат и ја поддржуваат својата земја. Македонците, каде и да се, ќе слават победа за Македонија. Оваа победа ќе биде победа на сите што со гордост велат: „Јас сум од Македонија!“

На 2 ноември, народот во Македонија ќе покаже дека не може да се продаде, ниту понижи, ќе покаже дека знае да се обедини кога е најтешко и да ја брани својата иднина со срце и љубов.

Бројот 9 овојпат не е само број, тоа е знак на победа, обединување и надеж. Тоа е симбол на една нова Македонија што стои исправена, со глава високо крената и со поглед кон иднината.

 Затоа, на 2 ноември да излеземе масовно!
Да го заокружиме бројот 9 и да ја потврдиме најголемата победа во историјата на самостојна Македонија!

Да покажеме дека народот е над сè, дека нашата заедничка Македонија е вечна, и дека ниту една сила не може да го победи единството и љубовта кон татковината!

2 ноември е денот кога победува обединета, горда и непокорна Македонија!

Vistinski Izbor

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top