Коментари

Цеца со бугарското знаме, евтин бугарски трик за провокација?

1Dzepovski1

1a-aleksandar copy

Александар Македонски Џеповски

Сите видовме што се случи во Велес, Цеца, пејачка од Србија, се завитка во бугарското знаме, и не, тоа не беше спонтана сцена, ниту момент на „љубов кон публиката“, тоа беше јасна, режирана провокација, бугарска игра на туѓ терен, со туѓи раце.

Но прашањето е едноставно: Ако Цеца настапуваше во Грција и некој ѝ дадеше турско или македонското знаме, ќе го ставеше ли на грбот? Или ако пееше во Турција и добиеше грчко знаме, ќе се завиткаше ли со него? Секако дека не. Сите знаеме дека таму не би спасила жива глава.

Но ете, во Македонија може, бидејќи Македонецот е културен, воспитан и достоинствен. Нашиот народ реагираше со свирежи, со „уааа“, но без насилство, без омраза со јасна порака: Не се играјте со македонските чувства! Не го газете она што ни е свето, знамето, историјата, идентитетот!

Цеца не е некоја наивна пејачка која не знае што прави. Не, таа е жена која со години живееше покрај еден од најголемите криминалци на Балканот, човек кој ја извалка политиката, ја замеша војната и го плати тоа со живот. Сето тоа таа го гледаше одблиску и сега да ни продава приказни дека не знаела што значи да се завиткаш со бугарско знаме во Македонија, е навреда за здравиот разум.

Ние сме држава што ја плати својата независност со пот, солзи и жртви. И затоа секој што ќе се обиде да ја провоцира, треба да знае, во оваа земја не смее да се гази по македонското знаме, ниту да се игра со македонската чест!

А што направија Бугарите? Едноставно: и дадоа неколку левчиња или евра на некоја недоквакана, ја пикнаа во прв ред со знаме, и чекаа момент за камерата. Цеца го зема, се завитка, камерите снимија и ете ти вест. Бугарските медиуми се фалат, бугарските портали кликаат, а тие што ја смислија оваа режија, тријат раце.

Целта? Да не се лажеме, сето ова беше обид да се поткопа пријателството меѓу Македонија и Србија, токму во момент кога нашите држави градат стабилни односи и взаемна доверба. И тоа не им одговара на некои, затоа и го измислија „спонтаниот момент“.

Но тука е поентата: Македонија денес не е таа од вчера, нашиот народ е свесен, зрел и мудар. Ние точно знаеме што е провокација, што е политика и што е уметност.

Сите што се обиделе да ја провоцираат, исчезнале од сцената, Македонија останала, и ќе остане, со крената глава, со своето високо кренато знаме и со горд народ што не дозволува никој да му ја гази душата.

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top