Коментари

Македонија заслужува вистинска опозиција, коректор, а не слуга на туѓи интереси!

701 copy

11-MN copy copy copy copy copy copy copy copy

Социјалдемократскиот сојуз наместо да биде глас на народот, стана гласник на туѓи интереси и потписник на договори што ја понижија државата и ја згазнаа гордоста на македонскиот народ.

Зоран Заев ја остави зад себе најтешката политичка сенка во поновата историја, промена на вековното име на државата, преговарање со идентитетот, јазикот и историјата, масовна корупција,…потчинетост и понижување, наместо достоинство, поклонување.

Но трагедијата е што и по заминувањето на Заев, неговиот дух сè уште ја управува партијата преку неговите „ученици“, меѓу кои најекспониран остана Венко Филипче. Човек кој имаше можност да се дистанцира од политиката на предавство, но наместо тоа тој ја продолжи. Без став, без одговорност према државата, без визија, тој денес ја претставува истрошената генерација што ја влече партијата надолу.

Додека Македонија се бори да го врати националното достоинство, челниците на СДС зборуваат за „европски вредности“ a ги газат македонските.

Македонија денес бара нова енергија, нови луѓе, кои нема да се срамат од своето потекло, име и историја. Луѓе кои нема да одат во Софија со наведната глава, ниту во Брисел со бело знаме, туку ќе стојат исправени со гордост и одговорност.

На Македонија и треба опозиција која ќе биде коректор на власта, чувар на народниот интерес, а не продолжена рака на барањата од соседите. Опозиција која го слуша народот, а не да го замолчува. Да застане на страната на граѓаните, а не на страната на притисоците однадвор.

Kako да заборавија дека народот е тој што избира, народот е тој што суди, и народот е тој што решава кој ќе го води.

Време е да се создаде опозиција што ќе предлага и ќе го брани националното достоинство, наместо да го продава за ситни политички поени. Македонија има потреба од опозиција која ќе ја сака својата татковина повеќе од фотелјата и која ќе свати дека силата не доаѓа од надвор, туку од сопствениот народ.

Партијата, ако сака опстанок, мора да се ослободи од старите ликови кои го легализираа националното понижување и криминалот од Заев, преку Филипче, до целата таа генерација што ја изгуби врската со народот. Затоа, ако СДС навистина сака да преживее и повторно да биде релевантна сила, мора да ја пресече пупката со минатото, првиот чекор е јасен, Заев, Венко Филипче, старите ликови, кои ја плачкаа и ги рапродаваа националните интереси како да се на пазар во горни Милановац, мора да заминат од политиката.

Зашто политичката сила која го игнорира гласот на својот народ, која мисли дека е поважна од него, неизбежно завршува на буниште на историјата.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top