Коментари

Скопје денес е чисто, а во иднина ќе зависи од тоа дали ќе научиме да го чуваме чисто!

1Mane

9-mane 7 copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Денес Скопје изгледа поинаку, улиците се чисти, булеварите измиени за првпат по долго време, граѓаните имаат чувство дека некој навистина се грижи за градот, дека некој работи а не само да ветува. Тоа некој е новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски и неговиот тим, кои покажаа дека кога се има волја и одговорност, резултати има.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски го одржа своето ветување, за 72 часа ја започна промената. Градот е поубав, поуреден и повторно достоинствен. Но утрешното Скопје нема да зависи само од него, туку од секој од нас. Ќе зависи од тоа дали ќе имаме доволно свест да го чуваме она што конечно го добивме по толку години занемареност.

Скопје со години беше заложник на негрижа, хаос и политички маркетинг.

Поранешното градско раководство оставаше зад себе град преполн со ѓубре, нефункционални јавни претпријатија и потопен Вардар што мирисаше на срам.

Тогаш немаше стратегија, само изговори за сè и за сите, освен за сопствената неспособност. Скопјани плаќаа високи сметки, а добиваа нечист град и уништена инфраструктура.

Конечно се гледа ред, план, работа. Се измија улиците, се расчистуваа дивите депонии, се испразнија преполнетите контењери и ѓубрето покрај нив, се чистеа паркови, се чистеше коритото на Вардар,… И сето тоа не е само прашање на хигиена, туку на однос кон сопствениот град и народ.

Можеме да се купуваат нови возила за чистење, да се поставуваат контејнери на секој чекор, но ако свеста на граѓаните остане нечиста, градот брзо ќе ја изгуби својата убавина. Скопје не може да биде чисто, ако мислиме дека некој друг ќе ни ја собира нечистотијата зад нас.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски покажа дека ако се сака, може! Но сега е редот на нас граѓаните, градот се исчисти, но нема да остане чист ако повторно се вратиме на старите навики, да фрламе отпад каде ќе стигнеме, да палиме пластика, да го полниме Вардар со пластични шишиња, да оставаме кеси покрај контејнери,… Ако сакаме нашата метропола да биде чиста и да се гордееме, ако навистина сакаме европско Скопје, да го чуваме она што конечно почна да се средува.

Ако успееме, ќе имаме Скопје со кое ќе се гордееме, ако не, повторно ќе се вратиме во валканата слика на минатото, во времето кога Скопје беше полно со ѓубре.

Во соработка со општествено одговорни компании, по течението на реката Вардар ќе бидат поставени заштитни мрежи со цел зачувување на речното корито и спречување на наталожување отпад.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека за успешно справување со овој проблем потребна е заедничка акција и на централните институции, особено на Министерството за животна средина, бидејќи, како што нагласи, „не е доволно да санкционира само Град Скопје“.

Затоа, денес кога Скопје го гледаме почисто и поубаво, градот што го сакаме, нема да го зачува политиката, туку свеста.

Чист град не е само резултат на градска политика, туку на народна култура.

Скопје е нашиот дом, а домот се чува, не се уништува!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top