Коментари

Доста беше мајтапење со Македонија!

1Dzepovski1

1a-aleksandar copy copy

Александар Македонски Џеповски

Европската унија бара внесување на Бугарите во македонскиот Устав како еден од условите за продолжување на процесот на пристапни преговори а кои се поврзани со отворањето на поглавјата во пристапниот процес кон ЕУ.

Ако некој треба да биде запишан во Уставот на Македонија, тоа се младинците од Ваташа, Евреите, наши сограѓани кои беа однесени со возови во Треблинка и 7.144 од нив убиени во гасни комори, Никола Вапцаров, Стив Наумов, Коле Неделковски, Трена и илјадниците невини Македонци стрелани од бугарските фашисти. Тие се нашата совест, тие се оние што ја испишаа македонската слобода со својата крв, тие треба да влезат во Македонскиот Устав.

А што прави Европа, таа истата Европа која некаде помеѓу ароганцијата и амнезијата го изгубила чувството за правда, таа што денес нè уценува, како награда за „послушност“, да ги внесеме во нашиот устав токму оние што не’ поробуваа, убиваа и бришеа?.

Како да не беа доволни убиствата, грабежите и пустошот што ги оставија зад себе. Како да не беа доволни столетијата на крадење на нашата Архиепископска круна, нашите артефакти, икони и библиотеки и нашата многу вековна историја?.

Денес, наместо покајание, тие бараат место бугарите да влезат во Уставот, во самиот темел на државата која ја негираат!

Доста беше понижување, Македонија нема обврска да се поклонува пред лажните моралисти на Европа ниту пред своите џелати од минатото, имаме обврска кон нашите мртви, кон тие што паднаа за да можеме ние денес да стоиме исправени.

Време е да се стави крај на европско-бугарските шовинистички барања, кои како отровна змиска трага се обидуваат да го задушат достоинството на Македонскиот народ.

Па се прашувам, дали Европа ја изгуби меморијата, или само се прави дека ја нема? Европа треба да се соочи со своето минато, пред да продолжи да нè уредува нам!

СЕКОЈА ПРОЛЕАНА КАПКА КРВ ЗА МАКЕДОНИЈА Е МОСТ КОН БЕСМРТНОСТА И ВРСКА СО БОГА, А НА СИТЕ ТИЕ ШТО ГИ УБИВАА НАШИТЕ ДЕЦА, НЕКА ИМ ПРЕСУДИ НАШИОТ БОГ.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top