
Порталот „Македонска нација“ – вистинска современа енциклопедија на македонската историја и реалност!
На 17 јуни 2009 година ја презедов одговорноста да го уредувам порталот „Македонска нација“www.mn.mk, кој беше формиран со една единствена цел – да ја продолжам светата традиција на едно од првите демократски гласила со истото име, основано во 1971 година во Минхен, Германија, а главен уредник беше Драган Богданоски.
Тогаш, „Македонска нација“ беше печатено списание и орган на организацијата ДООМ (Движење за Ослободување и Обединување на Македонија), создадено во време кога македонскиот збор во татковината беше гушен, а вистината систематски бришена.
Порталот www.mn.mk е непрофитен дигитален бедем на македонскиот дух, чувар на историјата која многумина сакаа да ја избришат, и штит што ја брани вистината за нашето име, јазик, култура и државност.
Нашата ризница е жива историја, собрани се текстови и сведоштва што ја носат македонската душа:
– политички анализи низ македонска перспектива,
– традиции, јазик, култура и духовност,
– легенди, фељтони и историски анализи,
– борбите на револуционерите и страдањата на нашиот народ,
– трагичната поделба на Македонија,
– античкото наследство на нашата државност,
– гласот на иселениците што ја носат татковината во срцето,
– архивски документи што го разобличуваат заборавот и лагата,
– животните приказни на обичните Македонци-тивките херои на секое време.
Секој текст е камен во темелите на нашата национална меморија.
Ние ја браниме Македонија со збор, вистина и достоинство, нашата мисија е да се спротивставиме на:
-политичките уцени,
-историските негирања,
-јазичните омаловажувања,
-обиди за бришење на македонската национална посебност.
Ние сме Македонци, наследници на Илинденците, Асномците, наследници на Филип, таткото на Александар Македонски, Фалангата, Свети Климент, браќата Кирил и Методија,…а не има во: Вардар, Егеј, Пирин, Мала Преспа, Гора, Европа, Америка, Австралија, Канада,…ние сме народ кој многу пати бил газен, негиран и делен, но никогаш скршен.
Ние повикуваме на национално будење, обединување, на заедничко творење. „Македонска нација“ е дом на сите што искрено ѝ посакуваат добро на нашата Македонија, без разлика што се по вероисповед или каде живеат.
Порталот „Македонска нација“ е трибина за секој што ја носи Македонија во срцето, А НАШИОТ ЗАВЕТ Е:
Да остане трага.
Да остане меморија.
Да остане сведоштво.
Да остане Македонија.
Придружете ни се:
Македонска нација е непрофитен портал со Завет и борба за вистината.
Испраќајте ни текстови поврзани со македонското минато, идентитет, актуелни случувања, да ги објавиме и заедно да ја откриваме и чуваме македонската вистина.
Нашата Е-пошта:
Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Главен и одговорен уредник Мане Јаковлески
Иницијативен одбор 17 јуни 2009 година:
Мане (Манојил) Јаковлески-МК
Катерина Климоска-МК
Дејан Донев-МК
Горан Митевски-МК
Марија Јаковлеска-МК
Ламбе Арнаудов-МК
Александар Ѓорѓиев-МК
Васе Арсова-МК
Тихомир Каранфилов-МК
Тодор Петров-МК
Бранискав Саркањац-МК
Панде Лазаревски-МК
Емил Јакимовски-МК
Жаклина Петроска-МК
Жаклина Трпевска-МК
Костадин Керпичоски-МК
Звонко Станковски-МК
Биљана Костадиноска-МК
Ставре Џиков-МК
Ташко Јованов-МК
Ниче Димовски-МК
Славе-Катин-МК
Кире Кипроски-МК
Васил Штерјовски-Албанија
Едмонд Темелко-Пустец
Архимандрит Никодим Царкњас-Егејска Македонија
Јордан Плевнеш-Франција
Атанас Бањански-Германија
Трајко Скендеровски-Германија
Љубица Даленбург-Германија
Тања Димитрова-Германија
Јанко Пиркоски-Германија
Иљо Тодев-Германија
Александар Јованов-УСА
Гордана Димовска-Австралија
Александар Џеповски-Австралија
Љубе Спасески-Австралија
Илче Мушарески-Австралија
Цоле Маркоски-Австралија
Пеце Ристески-Сиднеј, Австралија
Миле Андоновски-Австралија
Јован Тодороски-Австрилија
Славе Ристески-Австралија
Јане Манчев-Австралија
Борис Димитриески-Австралија
Круме Саздов-Австралија
Предраг Иваноски-Австралија
Доне Димов-Камбера,Австралија
Трајче T. Трајковски-Австралија
Боби Серафимовски-Австралија
Наум Трајчески-Австралија
Слободан Диневски-Австралија
Маноли Станишев-Австралија
Томе Велјановски-Шведска
Кире Ангеловски-Шведска
Богоја Ѓорески-Шведска
Џон Тодоровски-Холандија
Лијана Думитреску-Романија