Коментари

Македонија не е за продавање!

1asa56

1212125

Со предавничките политики на Зоран Заев и СДС, македонскиот народ повторно се турна назад кон времињата на најголемите неправди. Не само во бурните деведесетти, кога под притисоци ни ја наметнаа привремената референца, туку многу подалеку, до 1913 година, Букурешкиот договор, денот кога Македонија беше поделена како плен помеѓу Србија, Грција и Бугарија.

Зоран Заев на чело на СДС ги погази идеалите кои генерации Македонци ги бранеа со живот.

Ги погази Илинденците од 1903 година, луѓето кои со крв, храброст и незапирлив идеал ја впишаа Македонија на светската мапа.

Ги погази борците од 1944 година, кои во НОБ го осветија нашето име и му дадоа државност.

Ги погази и Македонците од 1991 година–генерацијата која на референдум ја запечати независноста, ја заокружи државата и му порача на светот дека Македонија станува господар на својата судбина.

Зоран Заев ја игнорираше таа светиња.

Со потпишување договори што ја фалсификуваат историската вистина, што го газат достоинството и што го потценуваат народниот глас, Заев не избриша само зборови од хартија, Тој се обиде да го избришое идентитетот, споменот, чувството и историјата.

Се обиде да го изгасне оној пламен што не се гаси–македонскиот дух, чувството на припадност што не се учи од книга, туку се наследува, како обврска кон дедовската земја.

Најстрашното? Сето тоа го направи спротивно на волјата на народот дека името „Македонија“ е повеќе од збор, тоа е заклетва, чест, идентитет, вековна светост.

Но наместо да ја послуша таа волја, тој се стави над народот. Над вистината. Над правото. Настапи како арбитар на нашата судбина, без морал, без чест и без историски легитимитет.

А кога некој ја крои иднината без право и без душа, Историјата го суди за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО! И ќе го запише како предавник кој во најкритичните моменти наместо да го заштити името, го испазари, наместо да ја зајакне државата, ја ослабе.

Затоа денес, повеќе од кога било, важи една вистина: компромисите можеби се дел од политиката, но компромис со душата македонска–нема и не смее да има.

Историјата нè учи–од Букурешт, од Илинден, од АСНОМ, од 8 Септември, дека македонската душа не се предава. Дека името, јазикот и достоинството се бранат со истата сила со која нашите предци со генерации се бореа за право да бидат Македонци во своја земја.

Времето на политичарите кои се плашеа да ја бранат Македонија заврши. Над нивните погрешни потписи има нешто посилно–македонскиот дух, кој не знае да капитулира.

Заев, претседателот на СДС изврши предавство што ќе остане дамка која историјата нема да ја избрише.

Македонија ќе го носи тој белег, но народот, истиот тој народ што ѝ се поклонува на земјата и на името, веќе го кажа својот збор, гласно, достоинствено и македонски: Македонија не е за продавање, Македонците вечно ќе постојат!

Македонија вечна!

11-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top