Коментари

Македонија не може вечно да чека за влез во ЕУ!

1Mane

9-mane 3

Колку години, децении и генерации треба да поминат за Европа конечно да го каже она што одамна го знае, дека Македонија е дел од нејзината геополитичка, историска и културна целина?

Македонија ја помина целата маратонска траса на евроинтеграцијата. Преживеа промена на име, устав, неправди и бесконечни условувања. Ја издржа секоја препорака и секој европски тест. А Европа? Таа премногу често ветуваше, направетего уште ова и ќе влезете во ЕУ, блиску доволно за надеж, далеку доволно за разочарување.

Денес прашањето е просто: дали ЕУ има сила конечно да го исполни сопственото ветување или ќе продолжи да лаже и да ветува а да не исполнува?

Пристапувањето мора да биде кредибилен процес заснован единствено врз Копенхагенските критериуми. Тоа е основата на ЕУ, тоа ја прави Унијата различна од геополитичките импровизации и интересни коалиции.

Но кога истите тие критериуми се заменуваат со политички условувања, билатерални диктати, внатрешни калкулации и двојни стандарди, тогаш Европа сама си ја поткопува моралната платформа.

Македонија одамна го почувствува тоа, мораше да исполнува повеќе од другите, мораше да прифати услов кој нема ништо заедничко со европското право. Таквата политика не е европска, таа е неправедна.

Македонија не сака милост, сака фер однос.

Македонија не моли за влез, не бара попусти, бара нешто што на хартија веќе постои: еднаква примена на европските правила.

Ако критериумите важат за сите, тогаш не смее да постојат „специјални барања“ за некоја земја, ниту политички диктати кои ја туркаат Унијата под нивото на сопствените вредности.

ЕУ не смее да се плаши од сопственото проширување. Напротив, треба да се плаши од сопственото одложување. Бидејќи секоја празнина што ќе ја остави, некој друг во иднина со задоволство ќе ја пополни!

ЕУ знае дека можно е празниот простор кој го остава, го пополнуваат други. Тогаш зошто молчи? Зошто одложува?  Европа мора да одлучи дали сака да биде проект на иднината или музеј на стари ветувања

Ова е момент на историски избор за Унијата: или ќе биде заедница со визија, или бирократска структура која бара причини за одлагање.

Македонија бара Европа да го исполни сопственото ветување!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top