Коментари

Гордоста е наследство што не смее да избледи!

1-MN copy

1-MN copy

Во време кога светот нè бомбардира со туѓи наративи, кога идентитетите се релативизираат, а потеклата се претвораат во дипломатска ситна монета, мора повторно да се запрашаме: Што ни е оставено како завет?

Бројни се примерите каде македонскиот народ во својата борба за слобода и создавање на самостојна и национална држава ја поврзува својата историја со древните Македонци, со Аристотел, Филип и Александар, но и со Самоил, Кирил и Методиј, Охридската книжевна школа и Охридската архиепископија,… 

Денешната ситуација во Македонија, најдобро ја отсликува Манифестот на привремената влада на Македонија од 1881 година во кој се вели:

…Вистински Македонци, верни деца на татковина!

Голем срам ќе биде за вас, вистински Македонци, ако останете неми сведоци на мојот погреб. Не, не, еве ги моите грозни раскрвавени рани, еве ги моите тешки пранги: скршете ги, расковете ги, зацелете ги моите рани, направете се’ што е во ваша моќ за да се напишат зборовите  „Сложна и обединета Македонија“ на знамето што ќе го кренам.

Откога ќе успеете победоносно, избркајте ги убијците од оваа земја кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи, делејќи ве, мои чеда, на безбројни народи, па така обединето под знамето на Македонија, како единствен народ, дигнете го високо тоа славно знаме и подгответе се еднодушно да напишете на него:

Да живее македонскиот народ, да живее Македонија!“

Овој само мал дел од манифестот покажува дека историјата како да ни се повторува. И денес имаме Македонци кои заборавиле на своето потекло.

Денес бескичмената врхушка на СДС без срам ја распродаваше земјата. Тоа се лица кои ја напуштиле својата мајка Македонија, но таквото однесување ги обедининува Македонците и ќе дојде денот кога тие ќе тргнат да ги избркаат од оваа земја, луѓето кои го веат знамето на раздорот и сеат погубни идеи.

Денес, повеќе отколку кога било, треба да го носиме Манифестот на привремената влада на Македонија од 1881 година, како знаме од чиста должност кон историјата што ја наследивме и иднината што треба да ја создаваме.

Се менувале граници. Се рушеле држави. Империи блескале и исчезнувале,
но едно нешто останало запишано низ вековите: Македонија, како збор, како поим, како огнена линија што ги поврзува генерациите.

Секој Македонец треба да знае дека носи нешто што ретко кој народ во Европа го има: потекло што светот не можел да го избрише, ниту да си го припише.

Токму затоа денес, кога притисоците се големи, кога европските апетити и регионалните политики се обидуваат да го замачкаат нашето име, народот е последната одбрана. Не со штит и меч, туку со самодоверба и достоинство кон сопствениот идентитет.

Не можеме да си дозволиме да бидеме поколение што се двоуми, ниту да бидеме генерација што поверувала дека потеклото е нешто што може да се преговара или да се нуди како компромис.

Ние сите и стари и млади ја носиме најголемата обврска, да продолжиме каде што нашите предци застанале.

Македонија опстоила затоа што секоја генерација имала некој што ќе каже: „Јас сум Македонец“!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top