Коментари

Чудна одлука на Филипче, сите виновни, само тој не!

9 copy copy copy copy

Filipce

Вечерва имаме закажано состанок на Извршниот одбор на кој ќе побарам сите членови на раководството и на Извршниот одбор да се повлечат и на еден од следните состаноци на Централниот одбор, којшто ќе се одржи во следните две недели, ќе се избере новото раководство на партијата и новиот состав на Извршниот одбор, изјави Филипче вечерва за телевизија Телма.

Кога политичка партија ќе доживее три последователни изборни порази, логиката налага најодговорниот човек, претседателот да го преземе товарот на одговорноста. Но во СДС, изгледа логиката одамна е луксуз. Наместо јасен и лидерски чекор, наместо признавање на грешките што ја доведоа партијата до историски минимум, претседателпт Венко Филипче вечерва предложи колективна оставка на раководството, како утешна награда за сопствената вина.

Чудна, но не и изненадувачка одлука.

Филипче најавува дека целото раководство треба да се повлече, а тоа што тој е човекот кој ги водеше трите катастрофални изборни циклуси, некако се провлекува низ редови на одлуката без да биде именувано. Виновни се сите, само не тој. Како да не беше прв меѓу еднаквите. Како да не беше претседател со целосна моќ во партијата. Како да не беше лицето на кампањите што народот ги одби.

Ова е веќе видена стратегија во СДС, да се создаде впечаток дека „системот е виновен“, а индивидуалната одговорност да се разводни. Но јавноста не е повеќе наивна. Граѓаните прекрасно знаат кој стоеше на чело, кој креираше политики, кој беше најгласниот говорник и кој го претставуваше СДС на избори.

Најавата за целосна реконструкција на раководството, и тоа во рок од само две недели, повеќе личи на обид за контрола на штетата отколку на вистинска реформа. Потребна е брзина за да се зачува личниот авторитет на претседателот, но не и темелна анализа на катастрофалните резултати.
Не се бара одговор на прашањето зошто народот масовно ја казни партијата? Туку само како најбезболно да се префрли товарот на вината?

Три порази, три аларми, нула самокритика

Факт е: СДС изгуби избори на сите нивоа во три последователни циклуси.
Факт е: Партијата се соочи со најниска доверба во последните три децении.
Факт е: Главниот одговорен за стратегија, кадровски решенија и кампањи беше претседателот.

Одговорноста мора да почне од врвот, а врвот е Филипче. И додека врвот се брани, партијата тоне.

17-DOOM 1

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top