Коментари

Уште едно прашање господа рече Паница и ги уби Сарафов и Гарванов

1a-aleksandar copy copy copy copy

1a-aleksandar copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Историјата како огледало на денешните предавства!

Деновиве на интернет може да се види видео клип каде има исечок од околу 30 секунди. Јане Сандански му се обраќа на Паница дека знае кој го тера да го убие него и му вели тој да оди и да ги убие нив.

После тоа е средбата со Сарафов и Гарванов каде тие го убедуваат Паница да ја изврши работата и дека Бугарија има многу пари и ќе му помогне. На испраќање Паница насмеан им се обраќа и им вели:  Уште едно прашање господа, и ги убива Сарафов и Гарванов.

Историјата подоцна ни го дава трагичниот епилог: средбата на Паница со Борис Сарафов и Иван Гарванов. Го убедуваат, го охрабруваат, му ветуваат поддршка, пари, престиж и бугарска благонаклоност.

По што трагедијата добива свој неизбежен исход.

Тешко е да се гледа Македонец како пука во Македонец. Но уште потешко е да се гледа Македонец како пука, не во човек туку во Македонија. Некогаш тоа се правело со куршум; денес се прави со потпис, со трампа, со молк, со лични амбиции маскирани како државни интереси.

Историјата на нашата земја е преполна со грешки направени не од странци, туку од домашни раце кои поверувале дека парите, функцијата или туѓата благодат вредат повеќе од татковината. Тоа е вечната македонска трагедија, изродите секогаш се раѓаат дома, а не зад граница.

Дали денешните политички актери Заев, Филипче, и целата нивна генерација која го носеше товарот на клучни одлуки ја знаат оваа епизода од историјата?

Можеби да, можеби не. Но мора да ја разберат. Зашто историјата не се повторува случајно, се повторува таму каде што не ја научиле.

Парите, кариерата, привилегиите, тие се минливи. Денес ги имаш, утре ги немаш. Денес стојат во твојот џеб, утре испаруваат.

Кулата во Дубаи е проколната со Македонски солзи и болки и не се носи во дргиот свет. Тежината на народните солзи никогаш не може да стане капитал.

А лекцијата е една, стара и болна: Никој не ја уништува Македонија повеќе од оние што ја продаваат за сопствена удобност.

И никој не може да ја спаси Македонија, освен оние што се спремни да учат од ваквите трагични примери и да изберат да бидат луѓе на чест, а не на цена.

Историјата не прашува многу, само чека за да пресуди.

И секогаш прашува исто: „Уште едно прашање господа, на која страна ќе застанете?“.

ПАНИЦА ГО НАПРАВИ ОНА ШТО ТРЕБАШЕ И МОРАШЕ ДА ГО НАПРАВИ, АМА ДЕНЕС ГО НЕМА ПАНИЦА И ТАКВИ КАКО НЕГО.

БУГАРСКИТЕ ПАРИ СЕ УШТЕ СЕ ВРТАТ И ДАВААТ НА ИЗРОДИ ПА САМО БОГ НЕКА ОДЛУЧИ КОЈ ЌЕ БИДЕ ПАНИЦА, ИЛИ САМИТЕ СЕБЕ ЌЕ СИ БИДАТ ПАНИЦА ДА СИ ПРЕСУДАТ.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВЕРУВА ВО ПРАВДА И БОГА.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top