
Свекрва
Строго доверливо за луѓе што знаат да се мајтапат без да се навредат.
Извештај на разузнавачкиот тим Свекрва: Бр.001/„СДС-СМ:ХАОС“
Нашиот разузнавачки тим Свекрва не известува дека во централата со кодно име: „СДС-СМ:ХАОС“ владее високо ниво на дезориентација. Последните нивни соопштенија наликуваат на порака која ја испраќа разбиена единица што ја изгубила комуникацијата со реалноста и со сопствената база. Опсесијата со татковци, стриковци, баби и дедовци е евидентирана како фиктивна оперативна цел, без врска со тековните политички настани.
Нашиот разузнавачки тим Свекрва проценува: Нападот врз замислени фигури е јасен знак на слабост во командниот систем. Според разузнавачките податоци, „СДС-СМ:ХАОС“ се обидува да симулира офанзива преку хаотични соопштенија, нервозни напади без логистика и отворање фронтови што не можат да ги држат.
Операцијата: Бучава наместо стратегија
Последните извештаи покажуваат значително опаѓање на моралот. Единиците делуваат расфрлано, без координација, а командата реагира нервозно. Најновата проценка е: Морал под критична точка, дисциплина нестабилна, паника висока.
На Линиите на комуникација се констатира: Неправилна комуникација меѓу командниот центар-раководството и базата, личат на шифрирани инструкции испратени без клуч, нагло зголемување на „шум во каналите“, односно глупости и лаги дистрибуирани без филтер.
Нашиот разузнавачки тим Свекрва ова го означуваат како: Тотален колапс на политичката радио-врска.
Проценка: Состојбата ќе продолжи да се влошува. Симптомите укажуваат дека командниот систем е на работ од распад, а паничните настапи само ќе се интензивираат. Очекуваме уште неколку импровизирани „операции“, насочени кон јавноста, со намера да ги покријат сопствени порази.
Препорака: Граѓаните нека бидат спокојни, ова е разузнавачки потврдено дезориентирање на разбиена колона, која се повлекува, а се претставува демек напаѓа.
Заклучок: „СДС-СМ:ХАОС“ со своите лаги и измислици само создава повеќе „електронски шум“, но суштината останува, немаат план, немаат дисциплина и немаат политичка артилерија со која би воделе сериозна битка.
Толку за сега: Извештај бр.001/„СДС-СМ:ХАОС“
Строго забрането несподелување на извешрајот!