Коментари

СДС немаат право да држат лекции

16-veterani 38 copy copy copy copy copy copy

16-veterani 38 copy copy copy copy copy copy

Постојат политички моменти кога човек мора да застане, да ја подигне главата и да каже: доста е од лицемерие, доста е од ментори кои ја упропастија државата, за сега да делат лекции.

СДС се јавува со обвинувања околу миграциите, за младите, за иднината на државата,… како да не поминале седум години со нив на власт. Како народот да не видел со свои очи што направија. Како никогаш да не ја држеа во раце судбината на младите кои под нивно водство масовно се иселија во туѓина.

Но, Македонија памети и паметењето е најсилниот сведок.

За време на нивното владеење, државата доживеа најмасовно иселување од своето постоење. Тоа не беше случајност, тоа беше последица на: лоши економски политики кои ја гушеа секоја шанса за достоинствен живот,

-студентски домови во кои живееја генерации млади со услови од 19 век,

-здравствен систем кој ги праќаше младите лекари по амбасади да бараат работна виза,

-администрација претворена во партиски плен, без систем и без ред,

-корупција која не беше подземје, туку надземје пред очите на сите.

Македонија гледаше како младите прават колони пред Европските амбасади,
гледаше како автобуси и авиони заминуваат полни, а се враќаат празни.
Гледаше родители со солзи во очи, како ги испраќаат своите деца „само за една година“, а која стануваше трајно преселување.

И сега тие што го дозволија тоа, зборуваат за младите!? Мислат дека народот заборавил?.

Да ги потсетиме ако случајно „заборавиле“ или се прават на удрени.

За младите немаа план, за мигранти правеа тајни состаноци.

Токму додека младите масовно си заминуваа, тогашната влада тивко, зад затворени врати се впушти во разговори за трајно прифаќање мигранти. Не привремено, трајно, без дебата, без национална стратегија, без анализа за безбедност или капацитети.

Многу е лесно да глумиш загриженост кога последиците од нивното владеење сè уште го чувствуваме. СДС немаат право да држат лекции.

И затоа, кога денес слушаме лекции од оние што седум години ја празнеа државата, мора да кажеме: Немате право, немате кредибилитет, немате морална позиција да зборувате за младите кои си заминаа додека Вие владеевте, ниту за миграции, ниту за иднината на Македонија.

Зашто токму вие сте причината што таа иднина се наруши.
И токму затоа, денес, Македонија избра да оди по поинаков пат, пат што ќе ја врати надежта, пат што ќе ги врати младите.

-Иднината е на младите, да бидат силни, решителни и достојни на земјата што ја оставија Филип, Александар, Самоил, Гоце и великаните пред Нас.

-Секоја новосоздадена фамилија е бастион на татковината!

-Секое новородено дете е победа!

-Држава без нови генерации исчезнува!

-Нема место во светот каде човек ќе биде свој, како во своја држава!

-Секој Македонец што останува во Македонија е војник на иднината!

-Младите да останат дома и да го продолжат Аманетот, Македонија пред се!

Македонија е дом кој треба да се чува, кој треба да се обновува, за младите, за идните генерации, за сите што се родиле со оваа земја.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top