Коментари

Нека празниците што ни предстојат ни донесат мир, здравје и надеж!

1Manojil

9-mane 1 copy copy

Мане Јаковлески

Драги сограѓани,

Како што се приближуваат празниците, Нова година, Божиќ, Василици, Водици, денови исполнети со надеж и семејна топлина, доаѓа времето за честитки и за потврда дека, кога се има визија и храброст, резултатите не се случајност.

Владата, со целосна посветеност за граѓаните и иднината на Македонија, презеде конкретни чекори за реформирање на економијата, унапредување на инфраструктурата и зајакнување на социјалната правда.

Странските компании се уверуваат дека Македонија е стабилна и предвидлива, а домашниот бизнис добива поддршка за раст и развој.

Создадени се нови работни места и обезбедена е иднина за младите, наместо масовна емиграција.

Инфраструктурата се менува од корен,се градат нови автопати а некои се реконструираат, се градат железници, болници и училишта се модернизираат, енергетски проекти се реализираат,… со цел, секој граѓанин да почувствува дека државата е присутна и дека инвестициите носат вистинска вредност.

Социјалната правда и грижата за граѓаните се ставени на прво место. Пензионерите добија 6.000 денари поголеми пензии, семејствата и младите добиваат конкретна поддршка, со мерки кои ја потврдуваат решеноста на Владата да ги заштити оние кои најмногу се потпираат на државата.

Борбата против корупцијата и криминалот е непопустлива. Владата покажа дека нема место за неказнивост, дека моќта не може да биде злоупотребена, и дека секој кој го крши законот мора да одговара. Историјата веќе покажува дека државата треба да биде силна, а не зависна од лични интереси.

Времето на празни ветувања и лични интереси заврши. Сега е време на конкретни резултати, на државнички одлуки и на политики кои ќе им служат на граѓаните, а не на моќниците.

Овие празници доаѓаат како потсетник дека само со позитивна енергија, храброст, визија и одговорност можеме да градиме стабилна и силна Македонија.

Ајде сите по нешто позитивно да напишеме, да кажеме, да споделиме за Македонија. Не е сè толку лошо кај нас како што некој ја претставува, има и многу полошо од кај нас, и тоа секој што го видел светот добро го знае.

Време е почесто да зборуваме и да го гледаме она што вреди, она што се гради, она што нè држи исправени.

Да почнеме повеќе да пееме наши песни, а помалку да се губиме во туѓи ритми, можеби некому ќе му проработи паметот, ќе се сети од каде е, кој е, и што значи да си Македонец.

Да ги мотивираме младите да создаваат повеќе семејства, да се раѓаат повеќе деца, децата се иднината на секоја држава.

Македонија е нашата ветена земја што опстојувала и кога било потешко и кога другите сакале а, и денес некои сакаат да не нема.

-Македонија е Библиска земја со Апостолска Црква,

-Охридска архиепископија возобновена во лицето на МПЦ –ОА, во текот на историјата имала свои подеми и падови, исчезнувала и повторно се појавувала на историската сцена,

-Античките Македонци се нашите предци по генеза, од Македон, Каран, Филип таткото на Александар Македонски, Светите Климент, Наум, Самоил, Гоце, Александров, Ченто….Ние сме нивни наследници,

-Славјаните дошле од зад или пред Карпатите, дошле и многу други освојувачи и си заминале, Македонците останале до ден денешен и ќе останат засекогаш на овие простори,

-Ние сме Македонци, ниту граници, ниту време можат да ја скршат таа врска иако животот нè расфрла на различни страни, истото сонце нè обединува и истото македонско срце силно чука во сите нас,

-Да влеземе во Новата година со позитивни сили, со јасна определба за прогрес и со обединување околу националните приоритети.

-Да ја градиме Македонија во која сите ќе се гордееме, држава на ред, правда и развој.

Нека празниците што ни претстојат ни донесат мир, здравје и надеж, за секое семејство во нашата Македонија и насекаде каде живеаат наши браќа и сестри!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top