Коментари

ПРЕД ФАКТИТЕ И БОГОВИТЕ МОЛЧАТ – МАКЕДОНИЈА Е ЕДНО, А БУГАРИЈА СОСЕМА ДЕСЕТО

1a-aleksandar copy copy copy copy

1a-aleksandar copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Постојат теми во кои ниту политиката, ниту дипломатијата, ниту европските ,,нормативи’’ не смеат да имаат предност пред фактите.

Едно такво прашање е и односот меѓу Македонија и Бугарија, во кој повеќе од јасно е: ставaње знак на еднаквост меѓу македонскиот и бугарскиот идентитет е историска бесмислица, политичка манипулација и класичен асимилациски проект на старите врховистички структури.

Македонската историја, етногенеза и културно наследство се развиваат на сосема различна патека од бугарската. Тоа не го велат „националисти“, туку го запишале византиски, арапски, латински, словенски автори што живееле многу пред да постојат денешните бугари.

Како што рече еден германски историчар од 19 век: Македонците се јасно разграничена група со свои обичаи, говори и историска свест.

Во североисточниот дел на денешна Бугарија, хрониките од 10–13 век спомнуваат држави како Бурџан, Саклабите (словенските групи) и други територии, но не спомнуваат етнос наречен „Бугари“ во значењето на денес. Нивната етногенеза почнува многу подоцна и со сосема поинакви влијанија.

Затоа денес е целосно погрешно и историски и научно да се тврди дека имаме заедничка историја. Дали некој некогаш чул македонска народна песна што ја слави Софија, Бургас или Пазарџик? Не. Не затоа што не биле дел од нашиот културен простор.

Но сите ја знаеме болката и убавината во песните за Егеј, за Пирин, за Вардар, за Солун. Тоа не се географски ознаки, тоа е душевна карта на еден народ.

Зошто се турка идејата за „заедничка историја“? Затоа што современиот европски простор е создаван врз политички интереси од 18–19 век, кога моќните центри цртаа нови идентитети, нови држави и нови ,,правила” на припадност. Многу стари етноси, како македонскиот, баскискиот, корзиканскиот, каталонскиот, беа турнати во ќош во името на „големите нации“ и нивните имперски амбиции.

Македонија е еден од најдобрите примери на европска неправда. народ со милениумска меморија турната да докажува дека постои.

И денес, кога конечно имаме суверена држава, повторно ни се наметнуваат туѓи наративи. дека сме нечие ,,потекло“, нечие „културно продолжение, дека нашите херои не се наши, дека нашиот јазик не е наш.

Што треба да каже Македонија? Што треба да каже секој Македонец?

Треба да го кажеме наједноставното, најчесното и најсилното: Пред фактите и Боговите молчат. Македонија е своја, Македонија е уникатна, Македонија не е ничија копија.

„Фактите и доказите дека современата бугарска држава е создадена во 1878 година како геостратешки проект на Руската Империја за излез кон Средоземното Море се повеќе од јасни и токму тука, пред тие факти, и Боговите молчат. Најсилниот доказ за тоа е што во тие простори во изминатите 150 години се пренаселија илјадници Македонци од Егеј и Вардар, бегајќи од прогоните и насилствата спроведувани врз македонскиот народ.

Време е, Господи, да ги собереш сите свои чеда под еден чадор.“

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top