Коментари

Ламбе Арнаудов: Зошто Лидер на ВМРО-ДПМНЕ е најпрестижна титула на светот?

1v-Lambe copy copy copy

1v-Lambe copy copy copy

Од кога знам за себе, ова го тврдам и за ВМРО и сега за ВМРО-ДПМНЕ без оглед што некои луѓе зад грб ми се потсмеваат.

Нека ги! Тие кои што се потсмеваат зад грб, секогаш остануваат позади.

Прво, токму заради ваквите, Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е патоказ, светлина и избавување.

Остануваат секогаш одзади, дезориентирани, не поместени од место, послаби, понемоќни и помалку  храбри од дете годиначе кое што смело зачекорува во животот, за разлика од овие разгалени деца, набилдани експерти од лажни вредности кои што ништо не оставаат зад себе, ами си земаат за себе.

Но, Уставот наш е демократски и има и социјален карактер, што да правиме со нив, ни се родиле ќе ги гледаме, ама и воспитуваме што за голем дел од нив е невозможна мисија.

Безнадежни се, такви се родени и израснати во декадентна средина полна со омраза кон својот народ, татковина и останатите доблести што човекот го прават човек.

Вистинска среќа е, што добрите и скапоцени вредности на човештвото и општеството наменети за нив што тие арогантно ги обиле или не ги разбрале, се прераспоредуваат на останатите слоеви од општеството, не остануваат неискористени, напротив ги облагородуваат уште повеќе луѓето, а тие продолжуваат да тонат во живата песок и духовно мртвило.

Паметните и мудри луѓе пред да донесат свој заклучок, за да не се излажат, прво ги земаат предвид ПРОПОРЦИИТЕ и ДИМЕНЗИИТЕ.

Минус (-)75 ͦ температура на Арктикот не е исто што и во МАКЕДОНИЈА.

Било каква промена на територија како во голема држава има каде да застане, да се проучи, да се интервенира и локализира, ако е штетна.

Во нашата татковина, ако не е бедемот од одбраната и опстанокот, ВМРО-ДПМНЕ со својот Лидер, МРШОЈАДЦИТЕ кои јадат СÉ што ДОБРИТЕ ЛУЃЕ со години го граделе и негувале, ќе изедат, потаманат, прав и пепел ќе направат.

Познати се сладокусци, гастро уживатели, најсреќни и најсити се кога се насладуваат од вкусот на врвните деликатеси, атрибути на државноста, име, идентитет, јазик, фолклор, културно наследство, историја, СÉ ШТО Е НА МЕНИТО НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД сакаат до крај да го изедат без да остават трошка на МАКЕДОНСКАТА СОФРА.

ЛИДЕРОТ НА МАКЕДОНСКАТА СОФРА никогаш нема да дозволи на луѓето, кои што како воловите кога ќе се најдат слама се најсреќни, да јадат од МАКЕДОНСКОТО, ќе ги остави гладни, а СОФРАТА ќе ја збогати со нови скапоцени вредности на светската мапа на врвни достигнувања наши, а светски.

ЛИДЕРОТ на ВМРО-ДПМНЕ се знае кој ќе биде 300 години однапред.

ТОЈ, е проект кој ги содржи сите потребни способности што МАКЕДОНИЈА ги бара од него и затоа многу, многу внимателно се селектираат овие врвни личности со неповторливи и уникатни лични вредности, поставени наспроти неопходноста и света обврска да ги сочува, догради и надгради затекнатите вредности, да ги зголеми, да ги облагороди и нашиот мини космос МАКЕДОНИЈА ѝ обезбеди КОСМИЧКИ ДИМЕНЗИИ.

Вака димензиониран облик е неопходен заради состојбите во кој што постојано живееме и според онаа познатата: Еден народ е толку вреден, колку што се вредни неговите непријатели, МАКЕДОНСКИОТ НАРОД кој постојано се бори против, сојузи, алијанси, царства, кралства, пактови и најстрашните – соседските договори меѓусебни, потпомогнати од ѓубрето внатрешно смрдливо со тешка неподнослива предавничка РЕА е НАЈСИЛЕН.

На крајот. Најсреќна и најдобра верзија на лидер на ВМРО-ДПМНЕ е кога вековниот усвоен проект ќе се совпадне и изедначи со САМО ПРОЕКТ личен на лидерот.

За среќа тоа сето е собрано во ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, кој и самиот е проект сам за себе, е брат близнак на проектот на ОРГАНИЗАЦИЈАТА и е по желба на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД личат во сé еден на друг и имаат исти желби, еднаква енергија, неминлива љубов и врвен патриотизам ставен во служба на сé она за кое е одговорен.

ЛИДЕРОТ на ВМРО-ДПМНЕ е свесен дека доаѓаат тешки денови на искушенија. Геостратешките поместувања ќе се големи, би рекол тектонски.

Без галама, со смиреност, наместо омраза љубов, со пријателство а не кавга, со подадена рака место закани, без униформи ами со реформи, без апсолутно никакво прекројување на граници, туку со општо светско бришење за слободен свет, без да ги налутиме соседите, без да ја навредиме старата дама ЕВРОПА нашиот топол заеднички дом, со силна поддршка на нашите стратешки пријатели САД и Обединетото Кралство што сето заедно се гледа во институционалната градба цврста, светла, направена од скапоцени не’рѓосувачки материјали, слеани во ликот на најпрестижната титула во светот во ликот на ЛИДЕРОТ на ВМРО-ДПМНЕ гарантира светла иднина на сите луѓе, од генерацијата која што доаѓа со визија што гради држава, сите заедно добронамерни луѓе предводени од ЛИДЕРОТ.

Клучот што ги отвора сите врати има име и се вика ХРАБРОСТ. ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ е неверојатно храбар човек и со неговото лидерство и мудро водство можат да се остварат сите вековни копнежи, мечти, соништа и да се претворат во реалност која МАКЕДОНЦИТЕ било каде и да се апсолутно ја заслужуваат.

Мислам дека се разбравме!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top