Коментари

М-р Мартин Треневски – ЗБОР-ДВА ЗА XIIIот КОНГРЕС НА ВМРО=ДПМНЕ

m.trenevski1

m.trenevski1

На шести декември во Кавадарци се одржа XIIIот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Многу работи се кажаа за тој партиски настан и за да не се повторувам, ќе се осврнам во оваа прилика само на неколку детали што ми лежат на срце.

Во прв план ќе се осврнам на реизборот на претседателот на Партијата Проф. д-р Хpистјан Мицкоски што го сметам за настан од извонредно голео значење.

Имено, Христијан во изминатиов период се покажа и се докажа како народен трибун кој води сметка за интересите на граѓаните  (впрочем тоа најдобро го покажаа брилијантните резултати од локалните избори), како стабилен и авторитетен партиски лидер, но и како државник кој во голема мерка успеа за кратко време да се наметне како авторитет на меѓународно ниво и да ги санира непроценливите штети што на Македонија ги направија на меѓународен план лубеничарот Заев, неговиот следбеник Ковачевски и  партијатаа што стоеше зад нив и ги подржуваше-СДС.

Со еден збор, со Мицкоски.и партијата ВМРО-ДПМНЕ, но и Македонија добија авторитет (кому му е трет четиригодишен мандат)  на чело на партијата кој цврсто ги брани нејзините интереси од садистичиот притисок на ЕУ за промена на Уставот.

Очајно ни требаше токму сега ваков авторитет, кога  добиваат на интензитет безкруполозните притисоци врз нашата земја, и на конгресот во Кавадарци (фала му на Господа) тоа и се случи. Нам, на членовите на ВМРО-ДПМНЕ сега ни преостанува со посветеност и лојалност да работиме за доброто на Партијата и татковината да придонесеме секој колку може за општото добро бидејки друга алтернатива немаме!

Партиските конгреси по правило се можност за презентирање на сработеното во изминатиот период, но и за укажување на слабости се со цел подобрување на работата во периодот што следи. Размислував, доколку добијам покана за учество на Конгресот, да укажам на две работи.

Но, за жал, покана не добив! Зошто? Не знам! Само за потсетување.

Јас сум единствен жив член на Првата тнр. Експертска влада на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, министер и во владата на Љубчо Георгиевски, присуствував и на основачкото собрание на Партијата во далечната 1990 година, бев и повеќекратен амбасадор и член на бројни комисии и тела на Партијата. Па кому му пречеа сите мои партиски заслуги во изминативе години? Кому?

Дали се работи за удбашки методи на елиминирање/ретуширање на личности како во едноумието. Па мислев дека тој метод е далеку зад нас но не ќе да било така. Патем, учесник сум на повеќе партиски конгреси, а јас лично го раководев фамозниот десетти конгрес на Партијата во Кичево. Дека не се работи за грешка на протоколот потполно сум сигурен бидејки два дена пред конгресот и се јавивме на девојката во партискиот протокол, но повратна информација не добивме!?

Нешто и за кадровската политика во Партијата.

Општина Центар, каде припаѓам и јас, на локалните избори претрпе катастрофален пораз, а станува збор за општина во која се сместени Владата и голем број државни институции. Нормално би било во ваква ситуација одговорност да се бара од претседателот на ОК Центар. Но наместо тоа, претседателот беше унапреден на повисока позиција – директор на една државна установа!? Не ми е јасно, според кои критериуми, особено ако се знае дека станува сбор за контравезна личност, што прелетал од една партија во друга, лице што прекинува комуникации со членови на ОК Центар и што ти не друго. Не знаам кој и според кои критериуми прави вакви работи, но се ќе да е на добро.

Христијан, Претседателе и Премијере, ја користам приликава и за да укажам (но и да Те замолам за внимание и акција) за /не/можноста да се комуницира со некои од министрите во Твојата влада или раководители на државни органи или организации.

Порано како објаснување беа зафатеноста поради локалните избори, па потоа заради конгресот на партијата, но работите си останаа онака, по старо, скоро невозможно комуницирање со функциоинерите.

Па сега, кога сме на власт, ако неможеме да комуницираме, прашувам КОГА? И самиот два пати бев министер (еднаш во Експертската влада, и втор пат во Владата на Љубчо Гееоргиевски, но никогаш не сум одбил барање за средба! Никоигаш!

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top