Коментари

ВЕРА И ЈАЗИК МОЖЕ ДА СЕ СМЕНИ, ГЕНОТ НЕ МОЖЕ

1Manojil

9-mane 1 copy copy copy

Мане Јаковлески

ВЕРОИСПОВЕДТА НЕ ГО МЕНУВА МАКЕДОНСКОТО СРЦЕ – ЕДЕН НАРОД, ИСТА СУДБИНА!

Македонците со православна, исламска или друга вероисповед низ историјата биле и останале делови од истата национална структура, еден народ, еден јазик, една култура, само со различна религиозна традиција. Ова е историска реалност која низ векови се гледа во обичаи, говор, традиции, семејни лози и народни песни.

Македонците со исламска вероисповед се дел од она што ја прави Македонија богата, разновидна и неповторлива. Тие се дел од македонската ризница, од песните на Долна Река, од уникатните женски носии со геометриски орнаменти, од старите занаети, од јазичните дијалекти што ги нема на друго место.

Македонците со исламска вероисповед се жив доказ дека верата може да се смени, но идентитетот и традицијата остануваат како наследство што никој не може да го препише или избрише. Значи, различната вера никогаш не значи различен народ. Таа е само духовен пат, а не етничка трансформација.

Многумина го чувале македонскиот идентитет и во времиња кога тој официјално бил забрануван. Ја чувале песната и обичаите кога им било кажано да ги заборават. Тие се дел од македонската нација исто како сите останати. И тоа го знаат, од дома, од дедовци, од мајчиниот збор, од песната на пород, од традицијата што не се искоренува.

Во Дуф-Мавровско, живеат Македонци на кои со сила им бил наметнат друг јазик, но верата им останала православна. Тоа се луѓе кај кои не успеале да ја сменат духовна вертикала, па затоа ниту коренот не е сменет.
Кај нив, како и кај секој Македонец православен или муслиман, тече македонска крв, без оглед на околностите, притисоците или административните промени низ вековите.

Македонскиот народ низ вековите имал доволно џелати што се обидувале да го делат, но успеал да опстане затоа што бил единствен.

Зошто Македонците остануваат единствени? Затоа што знаат кои се, што се и од каде се. Без разлика на верата, никој немал сила да го избрише или одземе она што историјата и вековното постоење го врежале во македонската душа.

Различни сме по вера, но исти по традиција, во истите светци веруваме, само различно ги именуваме, исти обичаи имаме, само поинаку ги толкуваме, во истиот Бог се молиме, само различно го повикуваме,  сите нè грее едно исто сонце, Македонско!

Најново од: Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

На кој јазик зборуваме, на кој јазик се разбираме?

Јазикот е многу повеќе од средство за комуникација. Во него живеат историјата, душата и погледот на светот на еден народ. Но што се случува кога сопствените зборови сè почесто ги заменуваме со туѓи, дури и кога имаме соодветни македонски изрази? Мајчиниот јазик ги обликува нашите најрани мисли, нè поврзува со предците и го зацврстува нашиот […]

Дедо Божин од Аматово грците го преименувале во Христо, но македонскиот корен не му го искорнале

Пишува Драги Трајков Со менувањето на македонските имиња, презимиња и топоними и со наметнувањето на грчкиот јазик како единствен во училиштата, грчките власти се обидувале да го избришат македонскиот идентитет, но дедо Божин го зачувал својот корен. Македонците се како пирејот: колку и да ги газиш и корнеш, коренот останува жив и повторно никнува, таков […]

1881 година: Големите сили предупредиле против бугарски упади во Македонија

Документот од 1881 година сведочи дека Македонија била именувана во меѓународната дипломатија многу пред Тито да стане претседател на СФРЈ. Таен трицарски сојузен договор помеѓу Германија, Австро-Унгарија и Русија: трите сили ќе ги одвраќаат Бугарите од секое упаѓање во соседните подрачја, особено во Македонија Дополнителен протокол кон Трицарскиот сојуз: Големите сили предупредиле против бугарски упади […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top