Коментари

РЕЗОЛУЦИЈА НА ВИСТИНАТА: КРАЈ НА МАНИПУЛАЦИИТЕ И ЈАСЕН СТАВ ПРОТИВ НЕЛЕГАЛНАТА МИГРАЦИЈА

1-MN copy

1aa-MN copy copy copy copy copy

Во време кога политиката сè почесто се претвора во арена на лаги, стравови и намерно креирани паники, должност на државотворните партии е да застанат цврсто со факти, со институционална одговорност и со јасна визија за безбедноста на државата.

Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ ја подготви и предложи Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, документ кој еднаш засекогаш става крај на измислената мигрантска приказна на СДС.

Со месеци наназад, сведоци сме на синхронизирана кампања на лажни вести, инсинуации и намерни дезинформации. Без докази, без факти, но со јасна политичка цел, создавање страв кај граѓаните и нарушување на јавната стабилност. Резолуцијата јасно и недвосмислено го именува овој проблем и го осудува токму таквото неодговорно дејствување.

Првата и најважна порака е јасна: нема, не постои и нема да постои договор за мигранти. Ниту се барало, ниту се договарало, ниту ќе се дозволи воспоставување мигрантски кампови, прифатни центри или каква било форма на трајно сместување мигранти на територијата на државата. Ова не е политички слоган, ова е државна политика.

Резолуцијата со право констатира дека дезинформациите не се случајни, туку свесни и континуирани. Тие се шират и покрај јасните деманти од институциите, со единствена цел: краткорочен политички профит на сметка на безбедноста и спокојот на граѓаните. Таквото однесување не е само политички неодговорно, туку и опасно, и е спротивно на законите и на општествениот поредок.

Посебно значајна е одлуката со која се отфрлаат и поништуваат сите аранжмани и политики на поранешната влада на Зоран Заев поврзани со мигрантски кампови. Политики кои ја изложуваа државата на сериозни безбедносни и општествени ризици, без да се води сметка за националниот интерес и гласот на граѓаните.

Резолуцијата испраќа и силна порака за зачувување на меѓуетничките односи. Манипулацијата со чувствителни теми, како миграцијата, директно ја загрозува општествената кохезија, толеранцијата и стабилноста. Тоа не смее и нема да се дозволи.

Истовремено, се потврдува определбата за одговорна надворешна политика – политика која ги почитува меѓународните обврски, но никогаш на штета на националната безбедност. Ниту еден надворешен притисок, ниту еден „процес“ не смее да ја претвори Македонија во паркинг за туѓи проблеми.

Со оваа Резолуција, Собранието и Владата ставаат крај на сите шпекулации, лаги и лажни сценарија. Се воспоставува јасна, недвосмислена и непроменлива државна политика против нелегалната миграција. Политика што важи денес, утре и во иднина.

И најважно, Резолуцијата стапува во сила веднаш и ќе биде објавена во Службен весник. Не како декларативна желба, туку како институционален факт.

Затоа, пораката до граѓаните е едноставна и силна: бидете спокојни. Нема тајни договори, нема скриени агенди, нема мигрантски кампови. ВМРО-ДПМНЕ останува на страната на народот, на страната на безбедноста и на страната на државните интереси.

Ова е резолуција на вистината.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top