Коментари

Александар Македонски Џеповски: Како и зошто се случи теророт во Сиднеј?

1a-aleksandar copy copy copy copy

1a-aleksandar copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Македонците во Сиднеј, во Австралија, но и насекаде низ светот, како и во нашата Македонија, искрено сочувствуваме со изгубените еврејски животи и со секоја пролеана капка невина крв во овој трагичен настан.

Каде и да се пролева невина крв, без разлика на националност или вероисповест, па дури и кога станува збор за крв на непријател, ние Македонците знаеме да жалиме и да дадеме поддршка. Затоа што болката од неправдата и насилството премногу пати сме ја почувствувале на сопствена кожа, низ векови и милениуми.

Овојпат во Сиднеј, за разлика од претходниот случај во кафетеријата „Линдт“, каде што имаше заложничка драма, се случи на отворено со трагични последици, 16 загинати и 29 повредени.

Веднаш потоа, дел од политичката опозиција во Австралија, во стил добро познат и од македонската политичка сцена од страна на СДС, побара оставка од премиерот Албанизи, со обид трагедијата да се претвори во средство за политичка пресметка и освојување власт без избори.

Но, една суштинска работа бара одговор, без предрасуди и без политички калкулации: како е можно голем јавен настан, одбележување на еврејскиот празник Ханука на отворен простор, со присуство на две до три илјади луѓе да помине без видливо полициско обезбедување или засилени безбедносни мерки?.

Во време кога Израел е во воен судир поради прашањето со Палестина и кога безбедносните ризици се глобално зголемени, ваквата негрижа отвора сериозни прашања за одговорноста на институциите.

Напаѓачите, татко и син, според досегашните информации делувале самостојно, водени од радикална идеологија и фанатизам. Тоа не го прави злосторството помалку страшно, но покажува дека заканата не доаѓа секогаш од сложени и централизирани терористички структури.

Лично не верувам во директна вмешаност на Исламската држава, бидејќи доколку стануваше збор за организиран напад од таков тип, последиците ќе беа многу потешки и далеку поразорни. Ова, сепак, не е утеха, „среќа во несреќа“ е горчлива формулација кога и еден човечки живот е изгубен, а камоли шеснаесет.

На крајот, се наметнува и прашањето: дали Еврејската заедница побарала засилено полициско присуство?

Дали станува збор за институционален пропуст, потценување на ризикот или бирократска заспаност?

Загрижува фактот што токму заедница која историски најмногу страдала од прогон и насилство, повторно се соочува со опасност поради недоволна превенција.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top