Коментари

Порталот „Македонска Нација“ Ви ја честита Новата 2026 година

srekna nova 2026 godina 1

srekna nova 2026 godina 1

Драги браќа и сестри, почитувани сограѓани,

Порталот „Македонска Нација“ Ви ја честита Новата 2026 година на сите Македонци, каде и да сте, во Македонија, во Егејска и Пиринска Македонија, во Мала Преспа и Гора, како и во дијаспората, расеани по светот, но засекогаш врзани со своите корени и татковината.

2025 година уште еднаш ни покажа дека македонскиот народ е народ на трпение, борба и создавање. Народ кој не се откажува, кој знае да страда, но и да сонува. Народ што опстојува и кога е најтешко. Токму затоа, во 2026 година да се обединиме околу она што нè прави свои – љубовта кон Македонија, почитта кон нашата историја, јазик, култура и идентитет.

Нека Новата година биде време на разум, храброст и одговорност. Време кога ќе ги негуваме традициите што нè одржале низ вековите и ќе ја градиме иднината на нашата татковина со чисто срце и исправен став.

На сите Вас Ви посакуваме пред сè здравје, радост, мир и напредок. Ви посакуваме семејна среќа, личен успех, достоинствен живот и благосостојба. А на Македонија ѝ посакуваме да оди по патот на слободата, правдата и просперитетот, како држава на еднакви граѓани и силен национален идентитет.

Да ја пречекаме 2026 година со исправена глава и отворено срце. Да ја градиме иднината заедно, да го чуваме и браниме македонскиот јазик, култура и идентитет, и да не заборавиме кои сме и од каде доаѓаме.

Нека Новата година донесе мир, љубов и бериќет во секој дом, топлина во секое срце и нека донесе нов живот – повеќе деца, повеќе радост и повеќе надеж за утрешниот ден.

Среќна и благословена Нова 2026 година!

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top