Коментари

Вистината е како шило – понекогаш касни, но секогаш излегува на површина

909090

909090

По јавното тврдење на Томо Аврамски, близок пријател на Зоран Заев, дека Заев заедно со Венко Филипче градат 42-катница во Дубаи, следуваше очекуван демант. Но тој демант беше половичен, нејасен и симптоматичен.

Наместо целосно, јасно и недвосмислено негирање, јавноста доби признание меѓу редови: дека Венко Филипче не гради 42-катница, но не и дека Зоран Заев не гради.

Со тоа, индиректно се потврди она што граѓаните одамна го насетуваа, дека Заев инвестира во Дубаи, а Филипче поседува имот во истиот град, или пак, како што тврди Аврамски, дека инвестираат заедно?.

Само неколку дена подоцна, на социјалните мрежи се појави фотографија од аеродром во Италија, на која Венко Филипче е со своето семејство, на пат токму кон Дубаи.

И повторно, наместо јасен и недвосмислен демант, од СДС добивме обвинувања дека некој го „следел“ Филипче. Повторно без негирање на суштината. Повторно без одговор на најважното прашање.

Ако е точно тврдењето на Аврамски, а фотографијата од аеродромот во Италија дополнително го потврдува тоа, тогаш може јасно да се констатира следново: Филипче отпатувал за Дубаи кај Заев.

Доколку е точно дека Заев и Филче, високи функционери на СДС поседуваат имот и луксуз во Дубаи, тие имаат морална и политичка обврска пред народот да одговорат: дали тие пари се чисти и чесно заработени, или потекнуваат од криминални тендери, системска корупција, злоупотреба на институциите, трговија со влијание, па дури и од предавства, како што беше промената на името?. Народот има право да ја знае вистината?

Додека обичниот човек се бореше со сиромаштија, неправда и неизвесност, пред очите на народот гледаме како поединци безгрижно уживаат во Дубаи, Албанија и други луксузни дестинации со пари стекнати преку корупција и криминал, а со морална дрскост зборуваат за чесност и европски вредности.

2026 година мора да биде година кога законот ќе важи за сите – без разлика на партиска книшка, функција или поранешна моќ. Не одмазда, туку правна и морална нужност.

Оние што со години ја крадеа државата, што продаваа име, идентитет и култура, мора да одговараат, а секој неправедно и криминално стекнат имот мора да биде конфискуван.

Времето на неказнивост мора да заврши. Од актуелната влада не се очекуваат чуда, туку истрајност, храброст и одговорност. Секој отворен случај и секоја постапка по закон се чекор кон стабилна и праведна Македонија.

Новата влада, предводена од Христијан Мицкоски, кај огромен дел од народот влева надеж дека започнува период на исправување на грешките од минатото – не период на магија, туку период на сериозна и одговорна работа. И со право народот верува и очекува тие што се огрешиле да одговараат.

Народот денес не бара празни зборови. Бара дела. Бара правда – за украдените пари, за уништените институции и за продаденото достоинство.

Секогаш вистината е како шило: можеш некое време да ја криеш, да ја туркаш под тепих, да ја обвиткуваш со лаги и деманти, но порано или подоцна таа ќе излезе на површина и ќе боцне токму таму каде што најмногу боли.

Со вера во себе, со љубов кон татковината и со одговорност кон иднината, да ја пречекаме 2026 година.

Нека ни е среќна Новата 2026 година!

1aa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top