Коментари

Македонија мора повторно да стане земја во која се раѓа, се живее и се враќа

9a-mane 1

9a-mane 1

Мане Јаковлески

Политиката на актуелната влада што го става бракот, семејството, раѓањето деца и враќање на младите на македонската дијаспора во фокусот на државното дејствување е чин на одговорност и визија за иднината.

Во време кога Македонија тивко, но упорно се празни, кога училиштата отвораат сè помал број паралелки, а селата и градовите стареат пред наши очи, прашањето за семејството, децата и младите е егзистенцијално прашање – прашање на опстанок.

Демографската криза не доаѓа одеднаш. Таа доаѓа тивко – со празни училишта, напуштени домови и генерации што заминуваат и не се враќаат. Ако државата молчи, таа се откажува од својата иднина.

Детската смеа мора повторно да се слуша низ Македонија. Тоа не е носталгија, туку неопходност. Народ без деца и без млади е народ без утре.

Состојбата во која се наоѓаме не е случајна. Таа е последица на години погрешни политики. За време на владеењето на СДС и ДУИ, наместо стратегија за наталитет и задржување на младите, државата гледаше како полни автобуси заминуваат во еден правец – кон странство. Немаше време за семејство и иднина, затоа што имаше време за тендери, договори и лично богатење. Додека младите ја пакуваа иднината во куфери, власта ја пакуваше државата во шеми.

Наместо сигурност, младите добија несигурност. Наместо перспектива дома – билет во еден правец. Иселувањето беше резултат на систем без надеж и правда.

Затоа денешната политика што го враќа фокусот на бракот, семејството и раѓањето деца не е доволна сама по себе. Таа мора да оди заедно со јасна државна политика за враќање на младите и на македонската дијаспора. Надвор од државата живеат стотици илјади наши сограѓани – тие не се изгубени, туку привремено отсутни.

Враќањето дома мора да стане реална и достижна опција: признавање на дипломи без бирократски пречки, финансиски и даночни стимули за повратници, поддршка за сопствен бизнис, сигурно образование за нивните деца и чувство дека повторно припаѓаат тука.

Про-семејните политики не ја ограничуваат слободата – тие ја зајакнуваат државата. Бракот, семејството и децата се темелот врз кој се гради економијата и стабилноста. Држава без млади нема кој да ја развива.

Децата не се товар. Тие се најголемото богатство. А младите што ќе се вратат се најголемата шанса за обнова.

Македонија мора да ја добие битката за наталитетот и битката за враќање на младите. Не како статистика, туку како избор за иднината. Затоа младите не треба да се плашат од својата најголема мисија – создавање семејство и градење живот дома.

Македонија мора повторно да стане земја во која се раѓа, се живее и се враќа.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top