Коментари

Грција и Европо, дали ќе проговорите за Загоричани?

1-MN copy

1aa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Ова не е историска полемика, ова е обвинение со име, датум и место. Имињата се познати. Датумот е запишан. Злосторството, неказнето.

На 25 март 1905 година, на големиот христијански празник Благовештение, во македонското село Загоричани (денес Василиада, Костурско) егејска Македонија, беше извршен еден од најкрвавите масакри врз македонско цивилно население. Грчки андартски чети, влегоа во селото со јасна цел – истребување.

Ова не го направија „непознати лица“. Во историските извори се споменуваат грчки андартски формации под водство на капетани како Георгиос Цондос – Вардас (Γεώργιος Τσόντος – Βάρδας) и други андартски водачи активни во Костурско во тој период.

Делуваа со поддршка на грчките конзулати и Цариградската патријаршија, под закрила на тогашната османлиска немоќ и европската рамнодушност.

Жртвите? Десетици македонски цивили – во некои извори над 60, во други повеќе од 100. Убиени беа жени, деца, старци, цели семејства. Сведоштва говорат за бремени жени убиени со неродените деца во утробите.

Оние Македонци се убиени без суд, без вина. Само поради тоа што одбиваа да се наречат Грци.

Грција и Европо, и денес, во 21 век, вие не само што не се извинувате – туку негирате, премолчувате и фалсификувате. Во вашите учебници нема Загоричани. Во вашите споменици нема македонски жртви. Има само славење на андартите како „ослободители“, додека зад нив остануваат масовни гробници на Македонци.

Европска Унијо, ако си навистина Унија на вредности, тогаш ова прашање е и твое.

Има дипломатски извештаи од почетокот на XX век, има сведоштва од странски новинари и конзули кои зборуваат за бруталноста на нападот врз Загоричани. Европо, ти знаеше, и тогаш и сега.

Затоа, денес, симболично, но гласно, го поставуваме прашањето што вие го избегнувате: 

–Кога ќе се отвори меѓународна, независна историска истрага за злосторствата врз Македонците во Егејска Македонија?

–Кога Загоричани ќе биде признаено како масакр врз цивилно население?

–Кога Грција ќе се соочи со сопственото минато, наместо да го закопува?

Ова не е повик за омраза, ова е повик за вистина, признавање и историска правда.

Загоричани не е само датум – 25 март 1905. Загоричани е доказ дека македонскиот народ преживеал обид за истребување. И Загоричани ќе продолжи да биде обвинение – сè додека молкот не биде заменет со вистина.

Европо, наместо да го истражиш масакрот во Загоричани, наместо да ги отвориш архивите за злосторствата врз Македонците во Егејска Македонија, ти избра друг пат – патот на притисокот врз жртвата, а не врз џелатот. Наместо правда – услови. Наместо вистина – уцени.

Под твој директен притисок, и со помош на домашни предавници, Македонија беше принудена да го смени своето уставно име, да го менува Уставот, да се откаже од дел од сопствениот идентитет во замена за празни ветувања. И не застана таму. Денес продолжуваш со истата дволична политика, вршејќи нов притисок – внесување на Бугарите во Уставот, како уште еден услов, уште една понижувачка лекција за „европско однесување“.

Додека бараш од нас отстапки, не бараш ништо од оние што негираат.
Додека ни држиш лекции за помирување, молчиш за масакрите.
Додека зборуваш за вредности, применуваш двојни аршини.

Ако Европа навистина верува во правда, таа не се гради со бришење на идентитети, туку со признавање на злосторства. Ако верува во човекови права, тие не смеат да бидат селективни. Ако е Унија на право, тогаш мора да престане да биде Унија на дволична политика.

Загоричани чека правда повеќе од еден век, а Македонија чека чесен однос.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top