Коментари

Достапни докази за недостапни источни „тиквари“

1a-aleksandar copy copy copy copy

1a-aleksandar copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

Пуста и неостварлива е желбата на Бугарија и Грција да не постои Македонија, ниту македонскиот јазик. Таа фрустрација со децении ги тера да стануваат сè погласни, сè понервозни и сè поапсурдни. Пробаа сè – од притисоци, уцени и условувања, до фалсификати, „научни“ конструкции и политички диктати – и повторно не им поаѓа од рака. Зашто вистината, колку и да се крие, има чудна навика: секогаш да исплива.

Историјата на Македонија е богата, но и трагично оштетена. Огромен дел од доказите за македонското постоење се украдени, сокриени или уништени токму од оние што денес најгласно ја оспоруваат нашата посебност. Народи што се политички и државно дооформени во 19 век – во 1831 и 1878 година – денес се обидуваат да ја присвојат историјата на еден многу постар културен и јазичен континуитет.

Наместо вистински извори, во јавноста се пласираат „достапни“ фалсификати за наводна „голема“ историја, создадена по потреба, а не по факти. Апсурдно е, на пример, како доказ да се вади таканаречена „битолска плоча“, напишана на модерен руски јазик од 19 век, која – види чудо – се „открива“ неколку недели по нејзиното изработување, па потоа се прогласува за темел на непостоечки народ. Тоа не е археологија, туку театар.

Смешно е да даваш докази докази дека Василиј бил булгароубиец а Самоил немал отидено ни на пикник во Софија, Варна па се така до Златните песоци кога просто кажано, Русија те измислува како нова држава во 1878 со цел да излезе на Медитеранот.

Денес, во време на дигитални архиви, научни бази и отворени извори, сè е достапно за оној што сака да види и да научи. Доволно е човек да застане, да земе здив и да размисли без идеолошки наочари. Но проблемот не е во недостигот од информации – проблемот е во одбивањето да се прифати вистината.

А кога тврдоглавоста ќе стане систем, а фалсификатот државна политика, тогаш веќе не помагаат ни докази, ни факти, ни разум. Историјата нè учи дека во такви моменти, Гордиевиот јазол не се одврзува – туку како што на времето направил Александар Македонски-го пресекол и така го решил гордиевиот чвор.

Македонија постои. Македонскиот јазик постои. И ќе продолжат да постојат – без разлика колку некој од исток или југ тоа не може да го прифати.

ИМА САМО ЕДНО НЕШТО ДОСТАПНО А ТОА Е ГОСПОД И НЕГОВАТА МИЛОСТ, ЉУБОВ И ТРПЕНИЕ НО СО ОВИЕ НЕДОСТОЈНИ УМНОБОЛНИ ТИКВАРИ НЕКАКО НЕ ОДИ РАБОТАТА И ДА СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА ИМ ДОАЃА КРАЈОТ.

АМИН !!!

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top